Македонија
Македонија има свои симболи и сите треба да ги почитуваме, рече министерката за образование Јаневска
Државата има свои симболи – химна, знаме, а јас би рекла и заеднички јазик кој треба да биде средство за комуникација и подобро разбирање. За жал, ни се случува деца да не можат да се разберат меѓу себе. А ако не се разбираат, тогаш не можат да споделуваат заеднички живот, заеднички радости, успеси, па и заедничка тага. Тоа не треба да биде така, одговори министерката за образование и наука проф. д-р Весна
Јаневска на прашањето дали е исправна одлуката на советот на општина Велес за наставата во училиштата од први септември да започнува со интонирање на македонската химна.
„Македонија е држава на македонскиот народ и на сите други етникуми кои живеат тука. Интенцијата на Владата е сите да сме рамноправни и да ја чувствуваме како своја земја. Апелирам, наместо поединци да се занимаваат со работи кои можеби некого
иритираат или повредуваат, да направиме консензус и заеднички да работиме за подобро образование, здравство, економија, туризам и така натаму“, рече Јаневска.
Додаде дека деновиве ја потпишува исплатата на финансиската поддршка која ја вети претходната Влада, а од непознати причини не ја исплатила и дека е вчудовидена од тоа колку семејства со ниски приходи под просечната плата има во државата. „Да ги стимулираме децата да учат и да немаат потреба од ваква помош. Кога ќе пораснат, со својот труд и знаење да си обезбедат пристоен живот. Ова треба да ни
биде вистинскиот фокус“, додаде министерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев сакале да му ја преземат приватната клиника. Мицкоски оцени дека таквите „мафијашки упади“ се случувале токму во периодот на вонредната состојба и побара Обвинителството да постапи по допрен глас.
„Не сум изненаден, знаевме какви мафијашки упади се случуваа, особено кога се носеа вонредни состојби и со уредби на сила се надсинхронизираа законите и Уставот“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за сведоштвото на Митрев.
Тој посочи дека нема дополнителен коментар, но очекува Обвинителството да се произнесе: „Немам што да коментирам, претпоставувам би требало Обвинителството по допрен глас да коментира. Но тоа мене не ме изненадува.“
Мицкоски додаде дека има повеќе сведоштва за однесувањето на тогашната влада во периодот на вонредната состојба и укажа на уредбите со законска сила што тогашниот претседател Стево Пендаровски ги носел:
„Сè уште тие законски уредби и одлуки на Пендаровски Стево во тој период стојат непоминати во Собранието. Треба да видиме и Собранието да се произнесе во периодот што следи што со тоа, дали можеби има и одговорност тука од страна на поранешниот претседател Пендаровски Стево и пред законите и пред Уставот.“
Според Мицкоски, постојат основани сомневања дека дел од тие одлуки биле спротивни на Уставот и законите. „Ќе чекам да видам дали Обвинителството ќе постапува по допрен глас – истото што го чекаат сите граѓани во Македонија“, додаде премиерот.
Македонија
(Видео) Стојаноски: Заев и Филипче му нуделе на Жан Митрев да им ја продаде болницата под цената за да го ослободат од обвиненија
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, и на денешната прес-конференција побара Јавното обвинителство итно да ги провери наводите за притисок врз Жан Митрев да ја продаде болницата, оценувајќи дека се работи за сериозни обвинувања кои бараат одговорност.
Стојаноски повикувајќи се на телевизиското интервју на Жан Митрев, рече дека во времето кога СДСМ била на власт, поранешниот премиер Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вршеле притисок врз д-р Жан Митрев со цел да ја преземат неговата приватна клиника за сума далеку под пазарната.
Според Стојаноски, д-р Митрев бил изложен на силни притисоци токму во периодот кога против него се водел судски случај. Пратеникот тврди дека личната сметка на Митрев, како и сметката на клиниката, биле блокирани, а била изречена и забрана за продажба на удели.
„Само една недела по нивното барање да ја купат болницата, Јавното обвинителство ја повлекло забраната за продажба – што покажува како институциите биле ставени во служба на интересите на тогашната власт“, изјави Стојаноски.
Дополнително, д-р Митрев изјавил дека добил понуда од Филипче и Заев да се спогодат – ако ја продаде клиниката под пазарната цена, тие би му помогнале да се ослободи од обвиненијата.
„Уште по скандалозно е тоа што, др. Жан Митрев вели дека Заев и Филипче му понудиле и спогодба, односно доколку ја продаде болницата за пониска сума од пазарната, ќе му помогнат да се ослободи од обвиненијата против него“, додаде Стојаноски.
Македонија
Беким Сали на лидерски состанок во Давос
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ќе учествува на Лидерскиот состанок (Davos Leadership Gathering), кој ќе се одржи во Давос, во периодот од 19 до 22 јануари.
Лидерскиот состанок во Давос ќе собере светски лидери, економисти, банкари и експерти од различни области, со цел дискусија за глобалните предизвици и меѓународните економски развои.
Првиот заменик-претседател ќе се обрати на форумот во рамки на панел-дискусија, на која ќе се разговара за климатските промени, конфликтите и социјалната грижа.

