Македонија
Македонија и Албанија потпишаа спогодба за заедничко управување со риболовот на Охридското и Преспанското Езеро
Министерите за земјоделство на Македонија и Албанија денеска во Струга потпишаа спогодба за заедничко одржливо управување со риболовот на Охридското и Преспанското Езеро и наше понатамошно унапредување на напорите за интеграција во ЕУ.
Оваа спогодба беше подготвена за институционализирање на заедничката заложба на двете крајбрежни земји.
„Како што е веќе добро познато, Охридското и Преспанското Езеро се едни од најбогатите со рибна фауна, па тоа наметнува и повеќе предизвици за надлежните органи. Нашата цел е да се создаде усогласена институционална поставеност и пристап за соработка за овие езера. Би сакал да истакнам дека оваа спогодба обезбедува основа за создавање на ново билатерално тело – Заеднички комитет за риболов на Охридското и Преспанското Езеро. Овој комитет ќе ја развие прекуграничната соработка во областа на риболовот и ќе изготви препораки за насочување на двете страни кон усогласување на нивните регулативи за риболов и управување со риболовот“, изјави министерот Хоџа.
Поддршката за оваа активност е обезбедена од регионалниот проект на Германската интернационална соработка (ГИЗ) „Зачувување и одржливо користење на биодиверзитетот на Преспанското, Охридското и неговиот консултантски партнер Институтот за слатководно рибарство Потсдам-Сакров (IfB).
„Фауната нема ни пасош ни граница. Од денеска се надевам дека фауната ќе се третира како една целина. Оваа година ние го порибивме езерото со 1,6 милиони единки од пастрмка, тие не се дел само од нашето езеро, туку се на целото Охридско Езеро и затоа сакаме да имаме една визија и една цел и да придонесеме во иднина да имаме повеќе риби во целото езеро“, изјави министерот Чучи.
Неодамна, министерот Хоџа ја посети Република Албанија при што беше потпишан Договор за фитосанитарна соработка со што се постигна, фитосанитарните сертификати помеѓу нашите држави да бидат билатерално признати за слободна трговска размена на земјоделските производи. Со тоа се создаде потполно бесплатен коридор за циркулација на земјоделски производи за двете држави. Ова претставува понатамошен чекор кон стратешката иницијатива на балканскиот шенген за развој на нашиот регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

