Македонија
Македонија и Романија ја интензивираат соработката на полето на дијаспората

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, во рамки на неговата тридневна официјална посета на Романија оствари средба со министерката за Романците во странство, Наталија Елена Интотеро.
Како што информираат од Кабинетот на министерот, главна цел на разговорите било воспоставување плодна соработка меѓу двете држави во областа на дијаспората и размена на искуства меѓу експертските групи, во реализацијата на добрите практики во оваа област во земјите на ЕУ и земјите од нашиот регион.
Министерката Интотеро информирала дека на 18 март следната година, за време на претседавањето на Романија со Советот на ЕУ, како дел од нејзините приоритетни активности ќе се организира состанок на министрите за дијаспора од земјите на ЕУ и од Западниот Балкан, со цел севкупна анализа и размена на искуства поединечно од секоја земја.
Министрите предложиле и иницијатива за потпишување меморандум за соработка меѓу владите на Република Македонија и Романија во областа на дијаспората и било договорено во наредниот период да се одржат средби на експертско ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на вистината за АНБ, што ја плаши власта, па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.