Македонија
Македонија претседавач на ОБСЕ во 2023
Северна Македонија стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ или познато како ОБСЕ-тројка, заедно со сега веќе минатогодишниот претседавач Шведска, како и актуелниот претседавач за оваа година Полска. Со тоа и формално почнуваат и нашите обврски поврзани со претседавањето во 2023 година со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ, во која членуваат 57 земји, плус 11 медитерански и азиски земји партнери на Организацијата, информира на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
За нас во куќата на дипломатијата, рече Османи, еден од најважните приоритети во 2022 година ќе биде токму претседавањето со ОБСЕ и преку активната улога како дел од тројката, но и преку нашата подготовка за претседавањето во 2023 година.
Со денешниот ден, како прв работен ден во годината, нагласи Османи, го преземаме претседавањето со групата на медитерански партнери – Алжир, Египет, Израел, Јордан, Мароко и Тунис и притоа како копретседавачи во првата година од нашето учество во тројката ќе ја организираме и Медитеранската конференција меѓу ОБСЕ и земјите медитерански партнери најверојатно во Скопје, а потоа го преземаме и управувањето со донесувањето на буџетот на Организацијата.
Активностите оваа година, според него, ќе претставуваат еден вид проба за целосно преземање на претседателството со Организацијата во 2023 година. Изрази уверување дека МНР, со поддршка и на другите релеватни институции, има капацитет да одговори на предизвикот и да биде на висина на задачата.
За оваа намена, информира Османи, веќе е предвиден и буџет за реализација на активностите што произлегуват од претседавањето со ОБСЕ. Во таа насока во буџетот за оваа година се предвидени околу 110 милиони денари или околу 1,8 милион евра. Годинава, рече Османи, предвидено е да се упатат 15-ина дипломати во мисијата во Виена, кои ќе работат во рамките на претседавачкото трио и водењето на групата на медитерански партнери, но и ќе се подготват за финално преземање на претседателството со ОБСЕ во 2023 година.
„Претседавањето со ОБСЕ за нас ќе претставува и внатрешен трансформативен процес, од консумент стануваме креатор и контрибутор на политиките на светско ниво. Ваквата инверзија на улогите претставува нова можност за нашето внатрешно институционално и политичко созревање, но во исто време рака под рака со глобалната експонираност тоа претставува и можност за зајакнување на имиџот на државата преку афирмација на нашите вредности и визии“, рече Османи
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино укинување.
„Сметаме дека е повторно политички трик да се дозволи власта да протне закон со којшто техничката влада формално ќе остане во следниот изборен циклус, а потоа ќе се укине. Ние изнесуваме аргументи и факти зошто техничката влада мора да остане, затоа што условите за нејзино укинување едноставно не се созреани“, изјави Филипче.
Тој потсети дека причините поради кои техничката влада беше воведена во 2015 година и денес постојат, па дури и во поизразена форма.
„Злоупотреба на институциите постои и сега, ако не и побрутална. Па ја видовме за време на локалните избори, злоупотреба на полицијата, на социјалните служби. Така да, едноставно општеството повторно како и тогаш што беше ситуација, не е зрело да се укинува техничката влада. И нема потреба.“, нагласи Филипче.
Укинувањето на техничката влада може да се случи само врз основа на широк политички консензус, а не преку наметнување на еднострани решенија.
„Ако е донесена со консензус, нека се укине со консензус. Значи, вистински, фер, политичка комуникација, третман, е да како нешто било договорено, така да продолжи и понатаму “, потенцираше Филипче.
Македонија
Филков: Криумчирањето мигранти не познава граници, одговорот мора да биде заеднички
Министерот за правда Игор Филков денеска учествуваше на настан посветен на новиот Пакет за миграција и азил, организиран од Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија.
Во своето обраќање, министерот истакна дека криумчарењето на мигранти е еден од најбрзо растечките облици на организиран криминал во светот – сериозен безбедносен и хуманитарен предизвик со кој ниту една држава не може да се справи сама.
Република Македонија ги има ратификувано сите релевантни меѓународни инструменти, вклучително и Протоколот на Обединетите нации против криумчарење на мигранти. Сепак, клучниот предизвик останува доследната примена на стандардите и зајакнувањето на меѓународната соработка.
,,На национално ниво, значајна е улогата на надлежните органи во откривањето, гонењето и пресудувањето на овој вид криминал. Неопходно е криумчарењето на мигранти да се третира преку инструменти карактеристични за борбата против организираниот криминал. Во тој контекст, пристапот „следи ги парите“, поддржан со ефикасна меѓународна соработка, е од суштинско значење, особено имајќи го предвид растечкото влијание на современите технологии врз начинот на извршување на овие кривични дела. Затоа, финансиските истраги насочени кон криминалната инфраструктура претставуваат клучен сегмент во борбата против овој феномен”, рече Филков.
Во таа насока, министерот информираше дека Министерството за правда активно работи на подготовка на нови системски закони, при што во новиот Кривичен законик и во работната верзија на Законот за кривичната постапка се инкорпорирани најновите меѓународни стандарди, особено во делот на финансиските истраги, процесните права и заштитата на жртвите.
Тој посочи и на зголемениот обем на меѓународна правна помош во последните години, при што во 2024 година биле заведени 46 предмети за кривичното дело „Криумчарење на мигранти“, а во 2025 година – 56 предмети, најчесто со европски држави, што ја потврдува интензивната меѓународна соработка во оваа област.
Македонија
Бислимоски и РКЕ очекуваат расчистување на случајот со „Тритерол Петрол“: Постапено е согласно закон
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти посочениот случај кој е споделен во јавноста од страна на Финансиската полиција, соопштија денеска од таму по информацијата во медиумите дека Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
„РКЕ ја информира јавноста дека во конкретниот случај за постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со тоа што на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании баратели на лиценци.
РКЕ нема да коментира детали со цел да остави институциите на системот професионално да си ја вршат работата“, соопштија од Регулаторната комисија.
Според претходно изнесените информации Бислимоски, спротивно на Законот за енергетика и правилата за лиценци, не отпочнал постапка за одземање лиценца за вршење енергетска дејност – трговија на големо со сурова нафта и нафтени деривати (вклучително еуродизел, биодизел, еуросупер, екстра лесно масло и течен нафтен гас) – на компанијата „Тритерол Петрол ДООЕЛ“ Скопје, иако, за тоа постоеле законски основи поради неисполнување пропишани услови.

