Македонија
Македонската IT компанија BtoBet, заедно со сестринските компании, се продаде за неверојатни една милијарда и двесте милиони долари
Една од најголемите светски компании за мобилни игри и казино, Aristocrat Leisure Limited, со седиште во Австралија, склучи договор за аквизиција на групацијата NeoGames од која BtoBet е дел. Бизнис зделката, според која вредноста на NeoGames се проценува на приближно 1.2 милијарди долари, со сигурност ќе ја трансформира светската гејминг индустрија.
Комерцијалниот договор претставува јасна потврда за квалитетот на групацијата што е составена од BtoBet, Aspire Global, Pariplay и NeoGames, компании што имаат водечки софтверски решенија.
Групацијата континуирано бележи експоненцијален раст, а за тоа говори и фактот дека по успешната 2022, во март годинава BtoBet забележа рекорд, процесирајќи приближно една милијарда облози преку својата платформа за спортско обложување.
Од почетокот на годината, покрај одличните финансиски резултати, BtoBet го објави продолжувањето на договорот со светски познатиот PremierBet, компанија што има операции во 23 африкански држави, како и започнувањето со работа на новиот онлајн бренд Placard на операторот SOJOGO во Африка, дел од португалската национална лотарија.
Овие компаниски достигнувања се доказ дека BtoBet сѐ побрзо станува еден од водечките технолошки партнери на глобалните лидери во iGaming индустријата, испорачувајќи врвни производи и услуги за спортско обложување.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

