Македонија
Македонските спасувачи извадија две тела од урнатите згради во Албанија
Македонските тимови што учествуваат во спасувачките акции во Албанија лоцираа и извадија две починати лица на две локации под урнатите згради по разорниот земјотрес што вчера изутрина ја погоди земјата.
Владата информира дека тимови составени од 42 припадници на републичките сили за заштита и спасување, координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, во согласност со одлуката на Владата на Република Северна Македонија, од вчера попладнето се во Албанија за да помогнат во спасувачките акции на локалните власти.
„Од доцна синоќа тимовите на републичките сили – тим за заштита од урнатини на ДЗС, преку офицерот за врски добиваат комплексни задачи за прва помош и извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес. Покрај тимовите, ДЗС упати и специјализирана техничка опрема, амбулантно возило, медицинска и техничка опрема, како и најсовремена механизација што се користи за да се дојде до евентуалните преживеани.
На терен се и припадници на МВР со куче спасувач специјално тренирано за пронаоѓање преживеани под урнатините.
Владата донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска Арабија, ја разгледува можноста за репатриација и евакуација на македонските граѓани затекнати во овој регион.
Граѓаните, како што е појаснето, ќе бидат евакуирани преку копнена граница кон Кралството Саудиска Арабија, и од таму со авиони кои полетуваат од територијата на Кралството Саудиска Арабија.
„Транспортот од Обединетите Арапски Емирати до Кралството Саудиска Арабија би се одвивал по копнен пат со автобуси и истиот би траел од 13 до 15 часа.
Преку формално барање/Нота од Амбасадата и МНР врз основа на доставен список, властите на Саудиска Арабија би издале хуманитарни визи за македонските граѓани на самиот граничен премин.
Списокот треба да ги содржи следните податоци:
– точни податоци (име и презиме)
– број на патните исправи со датум на важност,
– детали од кој граничен премин ќе влезат
– време и датум на пристигнување. и
– местото на пристигнување и заминување,
Молиме сите македонски граѓани кои се заинтересирани за ова можност да се пријават на дежурниот број на Амбасадата +971 56 441 7532 како и на емаил адресата: [email protected]
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби“.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)

