Македонија
Македонски државјани кои пристигнаа од странство во државен карантин во Битола
Општина Битола информира дека пристигнатите македонски државјани се сместуваат во контролирана изолација, со полициски надзор, а претходно прегледани од доктори. Изолацијата, која досега беше во сопствените домови, како мерка е подобрена со изолација контролирана на ваков начин бидејќи се под 24-часовен надзор, што не остава можност за непочитување на изолацијата, како што се случуваше во изминатите денови во одредени ситуации во државата, вклучително и со еден случај во нашиот град.
„Никој од нив не претставува опасност за градот затоа што тие постојано ќе бидат надгледувани. Значи, пристигнатите лица се сместуваат во контролирана изолација. Сите имаме право да бидеме уплашени, но не да ги напаѓаме оние што можеби се и недолжни затоа што сакаат да се вратат дома. Повеќето од нив се наши деца. Нека ги поминат во мир 14-те изолативни дена, а не уште повеќе да им ја отежнуваме состојбата. Мора да преовладуваат разумот, состојбата на човечност, колективноста, што секогаш сме ги имале.
Останете во своите домови со вашите семејства и оставете на професионалците да си ја завршат својата обврска. Само заедно ќе излеземе посилни од оваа светска криза, која, за жал, не нè одминува ниту нас“, соопшти Општина Битола.
Вечерва, МНР организира и враќање на 169 македонски граѓани од Загреб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

