Македонија
Македонскиот концепт: Бујар Османи свесно ја внесува Македонија во српско-косовскиот судир

Партијата Македонски концепт најостро ги осудува, како што велат, низата обиди на т.н. министер за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, со кои директно и свесно ја внесува Македонија во српско – косовскиот судир, што е дел од руското сценарио за дестабилизација на Балкан и јужното крило на НАТО.
„Бујар Османи повеќе се однесува како министер на Косово или на Русија од колку министер на Македонија, земја членка на НАТО. Со последната изјава дека Србија треба нешто да докажува на Косово, во спротивно Македонија треба да преземе непријателски дејства кон своите соседи, тој директно придонесува кон дестабилизација на нашиот регион, особено го помага Косово во очајните обиди за извоз на тероризам и етнички шовинизам кон сите соседи“, се истакнува во реакцијата на партијата.
Ова особено од аспект, како што велат, што истиот човек претседава со ОБСЕ, но не во име на ДУИ или на Косово или УЧК, туку во име на Македонија и сите нас македонските граѓани, што дава дополнителна тежина на неговата злоупотреба на службена положба и овластувања, што е кривично дело и за истото треба да одговара пред правосудниот систем на Македонија, не на Косово.
„Проектот ‘Отворен Балкан’ за нашата партија беше промашена инвестиција уште на почетокот на истиот и навреме реагиравме во таа насока. Но вмешување на Македонија во странски судири, особено помеѓу нашите соседи, е директно работење против мирот и стабилноста и против македонските национални интереси“, велат од Македонски концепт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови.
„Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават Бутел дом,“ изјави Шукова.
Таа се осврна на реалните проблеми со кои се соочува општината запуштеното корито на Серава, недоволната инфраструктура, недостигот на јавен превоз и дотраената водоводна мрежа и истакна дека решенијата веќе се подготвени.
„Серава ќе стане место на кое ќе се гордееме уредено корито, пешачки и велосипедски патеки, зелена зона за сите. Новите паркови и 10.000 засадени дрвја ќе го вратат сјајот што Скопје го имаше пред децении,“ нагласи таа.
Посебен акцент стави и на водоснабдувањето и инфраструктурата:
„Денес, 60 проценти од питката вода се губи во системот. Време е за модернизација и стабилно снабдување со вода за секој дом. Новите мостови, клучки и булевари ќе го поврзат Бутел со целиот град и ќе овозможат безбедно и побрзо движење,“ рече Шукова.
Таа потсети дека во изминатите години градот беше заложник на неработење и популизам:
„Четири години ВМРО-ДПМНЕ ги запоставуваше општините. Време е за резултати, а не за слики и празни зборови. Половина од нашите проекти може веднаш да се реализираат,“ додаде таа.
Во својот говор, Шукова повика на единство и одговорност:
„Бутел не смее да биде изолиран. Бутел е почетна точка на модерното Скопје место каде што се инвестира, се гради и се слуша секој граѓанин.“
Македонија
Претежно облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 l/m²дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.