Македонија
Македонскиот концепт: Старата ЕУ во која почнавме асоцијативен процес веќе не постои, нема повеќе полноправно членство
Последните случувања во ЕУ, особено дадената потврда на вистинскиот француски предлог од страна на претседателот на Француската Република, но и последните вести од Европската комисија испратени преку претседателката Урсула фон дер Лајен, беа предмет на итни внатрешни консултации и анализа од стручните и политички тела на Македонскиот концепт.
Од оваа партија ги изнесуваат следните заклучоци:
„1. Светот се менува, ЕУ се менува, ние се менуваме, што е нормално. Старата ЕУ, во која ние почнавме асоцијативен процес, веќе не постои. Нема повеќе полноправно членство во ЕУ.
2. За земјите кандидати, вклучително и Македонија, се отвара специјално место – земја учесник во ЕУ. Тоа значи дека, доколку заврши процесот на преговори, ние во идната ЕУ само ќе учествуваме, но нема да одлучуваме.
3. Нашата партија смета дека треба да ја прифатиме таа понуда од две причини: прво, тоа сепак е во интерес и ќе ја засили нашата државност, второ, ЕУ нема алтернатива.
4. Согледуваме дека БРИКС се злоупотребува во македонската јавност и погрешно се презентира на нашите граѓани. Македонија треба да има супер односи со земјите од БРИКС, но тие не се и не може да бидат замена ниту за учество во ЕУ.
5. Патријата го задржува својот цврст про-ЕУ курс, исклучително врз база на ЕУ-фундаментализмот, без прифаќање на новото поведение, кое го наметнуваат несозреани земји членки на Унијата.
6. Продолжуваме со политиката на активна поддршка на интегративниот процес на Македонија во реформираната ЕУ“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

