Македонија
Македонците што заглавија на Евзони се враќаат назад, денеска нема влез во Грција
Сите што тргнаа кон Грција се враќаат назад откако рампите на граничниот премин останаа спуштени. Грчката полиција не им дозволи влез на оние што немаат грчки пасош. Службениците не знаат кога ќе добијат одобрение од Атина за влез на странци, а предвидуваат дека тоа ќе биде ноќеска на полноќ или утре изутрина. На границата имаше возила со македонски, српски и со бугарски таблички, кои чекаа во колона.
„Ни кажаа дека нема да добијат одобрение пред полноќ, затоа се вративме назад“, вели граѓанин, кој утрово се обидел да ја премине грчката граница.
Освен оваа информација, грчките гранични службеници одбиваат да одговараат на други прашања. Велат дека ги известиле нивните власти и чекаат насоки и инструкции од таму.
Засега нема одговор од македонското Министерство за надворешни работи зошто настана овој проблем на грчката граница и дали одговор на ова прашање има од грчките власти.
На граничниот премин Богородица утрово се створија колони. Граѓаните беа затечени од одлуката на граничната полиција на Грција, која одби да ги пропушти за влез во земјата. Македонската полиција ги пропушташе возилата и во меѓузоната, но сега сите се враќаат назад.
Инаку, од денес требаше да се отвори граничниот премин со Грција за сите граѓани на Македонија што имаат негативен ПЦР-тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против Ковид-19 или позитивен резултат на антитела. Потврда за ова вчера даде и премиерот Зоран Заев по средбата со Киријакос Мицотакис во Атина.
Според здравствените протоколи што ги усвои земјата, објавени на веб-страницата на грчкото Министерство за надворешни работи, на граница ќе се признаваат и сертификатите за вакцинирање со руските и кинеските вакцини, кои сè уште не се одобрени за користење во Европската Унија. Грчките туристички власти објавија дека негативен ПЦР-тест нема да се бара од туристите што се имунизирани со вакцина на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „Астра зенека“, „Новавакс“, „Џонсон и Џонсон“, „Синовак“, „Кансино бајолоџикс“, „Синофарм“ или „Гамалеја“ („спутник В“).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

