Македонија
Македонците со коефициент на интелигенција 81, послабо од граѓаните во Хрватска, Србија, Црна Гора и БиХ
Независната организација World Population Review (WPR), со седиште во САД ги следи демографските податоци преку API системот со цел да прикаже статистички показатели за бројот на жители, степенот на образование, стапката на вработеност/невработеност, коефициент на интелигенција…
Врз основа на податоците за коефициентот на интелигенција за 2022 година собрани од WPR, највисоките просечни резултати на коефициентот на интелигенција во светот имаат Јапонците (106,49), по што следат граѓаните на Тајван (106,47) и Сингапур (105,89).
Во првите десет земји со највисок просечен коефициент на интелигенција спаѓаат Кина, Јужна Кореја, Белорусија, Финска, Лихтенштајн, Холандија и Германија.
Кога станува збор за земјите од регионот, Хрватска е најдобро рангирана на 37 место и просечен коефициент на интелигенција 95.
Следува Србија на 59 место со коефициент на интелигенција 89.
Босна и Херцеговина е на 66 место со коефициент на интелигенција од 88, просечниот коефициент на интелигенција во Црна Гора е 86, додека граѓаните на Македонија имаат просечен коефициент на интелигенција 81.
Во својот извештај, WPR нагласи дека методот со кој тие добиваат податоци за коефициентот на интелигенција не е единствениот. Тие додаваат дека постојат многу различни начини за „пребарување на најпаметните земји во светот“, а многу од нив воопшто не се поврзани со тестирањето на коефициентот на интелигенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Подрачјето на Велес ќе биде зафатено од поројни врнежи, грмежи и засилен ветер
ЦУК информира, според известувањето на УХМР, дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.
Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидув дека е кон исток и североисток, додаваат од ЦУК.
Македонија
Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата
Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.
Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Северна Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата.
Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.
Македонија
Одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.
Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.
Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.