Македонија
Македонци пријавиле искршени стакла и дупнати гуми на своите возила во Грција
Во грчките туристики места Калитеа и Афитос се забележани искршени околу 20 возила со македонски регистарски таблички. На социјалните мрежи се појавија фотографии од автомобили со искршени стакла и дупнати гуми.
На фејсбук-групата „Live from Greece“, еден член ја сподели оваа информација со други, за да ги информира за инцидентот.
„ Ова е срамен чин на ‘најобични будали’, врз основа на кој цел еден народ ќе биде карактеризиран како таков“ – напиша таа.
На групата на Фејсбук каде што беа објавени фотографии од автомобили со скршени стакла, една видно вознемирена членка им објасни на другите што да прават ако еден од овие автомобили е нивен.
„Ако некој од вас е меѓу нив, веднаш појдете во полиција во Касандра, многумина веќе пријавиле и инсистирајате да ги погледнат камерите на целиот пат бидејќи тоа не се случило на едно место, туку на неколку локации“ напиша таа, а тпренесе „Live from Greece“.
Таа ги предупреди и оние кои се во близина на овие места да ги движат своите автомобили за да ги заштитат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

