Македонија
Македонци уапсени во Хрватска – со измами украле над 26.000 евра од минувачи
Двајца македонски државјани се упасени под сомнение дека извршиле пет измами и тешка кражба, предизвикувајќи материјална штета од околу 26.000 евра, соопшти сплитската полиција.
Станува збор за лица на возраст од 76 и од 68 години од Македонија кои извршиле пет кривични дела измама во август и септември на подрачјето на Сплит, Трогир и Примостен.
Двајцата Македонци чекале пред банки, пошти, болници и приоѓале главно на повозрасни лица. Се преправале дека се странци кои имале сообраќајна несреќа. Еднот глумел дека е од Израел, а другиот од Шведска.
На жртвите им барале помош со преводот околу исплаќањето на наводната оштета. Потоа приказната доаѓала до продажба на лажни златни часовници. Лажниот Израелец потоа почнувал да раскажува тажна приказна дека има финасиски проблеми, дека сопругата му е налекување и мора да му плати на докторот. Го нудел лажниот златен часовник за кој тврдел дека вреди 15 илјади евра на „Швеѓанецот“. Жртвите наседнувале на приказната и нуделе повеќе пари за часовникот од лажниот Швеѓанец.
Луѓето оделе во банка, и ги носле парите. „Израелецот“ се преправал дека ги става во торбичка, која им ја давал на жртвите да ја чуваат додека тој оди во болница кај жена му. Договорот бил, жртвите да го почекаат да се врати и да им го предаде часовникот.
Но, всушност, измамниците успевале во торбичката да подметнат плико без пари. Жртвите чекале одреден период и сфаќале дека се измамени.
При истрагата, полицијата од Сплит извршила претрес на возилото кое го користеле измамниците и на куќата во која живееле. Проналше голема сума од украдените пари и лажни златни часовници.
Двајцата Македноци се во притвор. За повозрасниот имало три меѓународни потреници, од Македонија и од Австрија и Словенија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес локални врнежи од дожд и снег на планините
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1 степен, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремен слаб дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност, во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Македонија
Ледени зрна на одделни патни правци: ЦУК апелира на зголемена внимателност поради заледување на патиштата
Центарот за управување со кризи известува дека денес, во попладневните часови, на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.
Македонија
Градоначалникот на Битола им се придружи на младите бадникари во изработката на бадниковите ѕвезди
Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворкa која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и населени места во Македонија.
На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно изработката на бадниковите ѕвезди, вечерва им се приклучи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Организаторите на поворката велат дека вредните детски раце неуморно и со љубов и верба во традицијата ги изработуваат овие ѕвезди, подготвувајќи се за Бадник.
На 6 јануари на големиот верски празник Бадник, собирно место ќе биде плоштадот „Магнолија“ од каде ќе се упатат кон Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а потоа и низ Широк Сокак до Офицерскиот дом каде ќе биде завршниот дел на поворката, велат од Општина Битола.
Организаторите упатуваат повик до сите оние кои што сакаат да бидат дел од Бадниковата поворка на големиот празник да им се приклучат.

