Македонија
Макрон: Најдовме компромисно решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека чувствува оти е најдено компромисно решение за преговарачката рамка за членство на Македонија во Европската Унија, во која ќе биде вклучена и Бугарија.
„Мислам дека најдовме компромисно решение“, рече тој на прес-конференција на самитот на НАТО во Шпанија.
Од Владата, пак, велат дека преку Министерството за надворешни работи добиле предлог со идеи од француското претседателство, кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови.
„Ова претставува основа за отворање широк консултативен процес најпрвин во Владата и со коалициските партнери, а потоа и со претседателот на државата, со парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупната јавност во земјата. Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно, во согласност со стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани. Сакаме да упатиме благодарност до претседателот Макрон и француското претседателство за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот“, се вели во владиното соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

