Македонија
Анкета на „Макфакс“: Ако нема датум за преговори во јуни, оставка за Владата
Во онлај-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Што доколку земјава не добие датум за преговори со ЕУ во јуни годинава“, повеќето од испитаниците, односно речиси половината, се изјасниле дека во тој случај Владата треба да поднесе оставка.
Анкетата беше објавена на 7 мај годинава, на 14 веб-страници и траеше 24 часа. Во овој период гласале 6.508 испитаници.

Речиси 30 отсто од испитаниците се изјасниле дека доколку земјата не добие датум за преговори, треба да се чека. Над 15 отсто од анкетираните велат дека не ги интересира што ќе се случи, а преостанатите се изјасниле дека е подобро да нема датум за преговори за членство во ЕУ.

Од вкупно 6.508 анкетирани, според податоците на истражувачкиот центар на „Макфакс“, најголем дел бил мажи на возраст од 35 до 44 години. Над 80 проценти од нив гласале од Македонија, а другите од Германија, Австрија, Швајцарија и други држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

