Македонија
(Видео) Малолетните деца на Рашковски не смеат да ги продаваат станот и земјиштето во Побожје, а татко им да и плати штета на државата за нелегалните тендери
Кривичен одлучи дека ексгенералниот секретар на Владата и непраавосилно осуден за „Софтвери“, Драги Рашковски, ќе остане со замрзнат имот со цел да се надомести штетата кон државата која ја направил местејќи тендери. Ова на денешното рочиште го соопшти судијката Фанка Јанчулева Михаиловска. Судот одлучи дека неговите малолетни деца нема да поседуваат права на дел од недвижниот имот, кој им го препишал Рашковски.
Ќе се конфискува земјоделско земјиште, кое во најголем дел се наоѓа во Побожје, како и станови и помошни простории.
„Во согласност со член 114 од Законот за кривичната постапка се задолжуваат обвинетите Драги Рашковски, Ивица Димитровски, Игор Христов солидарно да ја надоместат штетата кон државата во износ од 6.545.816 денари, кои се исплатени од буџетот на државата за набавка на системот за биометриска идентификација, а обвинетите Драги Рашковски, Ивица Димитровски, Игро Христов и Даниел Станчев солидарно да ја надоместат штетата кон државата во износ од 4.997.300 денари, пари исплатени од државниот буџет за набавка на софтверот за определување просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни. Судот определи и привремени мерки за обезбедување имотно-правно барање на државата, што настанало поради извршување кривично дело забрана на обвинетиот Ивица Димитровски да располага со средства од жиро-сметка депонирана во НЛБ банка, а на која тој како физичко лице имал овластување да располага со салдо од 14.539,07 евра и 263.561 денар во висина на 12.341 евро или 758.340 денари сметано по девизен курс“, кажа судијката.
Таа додаде: „Забрана на малолетните деца на Рашковски да ги отуѓат или оптоварат своите недвижности или, пак, да бидат дадени под закуп, и тоа имотот во Побожје: земјоделско земјиште со површина од 1.308 квадратни метри и земјоделско земјиште со површина од 1.641 квадратен метар, лоцирани во Ровиште. Уште едно земјоделско земјиште во Побожје, со површина од 350 квадратни метри, лоцирано во местото Ровиште, земјоделско земјиште со површина од 588 квадратни метри, лоцирано на истото место. Земјоделско земјиште во Побожје, со површина од 1.415 квадратни метри, градежно земјиште со површина од 64 квадратни метри и земјоделско земјиште со површина од 2.685 квадратни метри, помошни простории и кат со површина од 15 квадратни метри. Стан со површина од 37 квадратни метри и помошни простории со површина од 38 квадратни метри, лоцирано во местото Ровиште. Земјоделско земјиште со површина од 771 квадратен метар и уште едно со површина од 9.645 квадратни метри и пазарна вредност од 13.128.897 денари. Драги Рашковски треба да ја надомести штетата кон државата во износ од 4.605.021 денар исплатени од буџетот за набавка на камери за препознавање регистарски таблички, во износ од 1.о46.000 илјади денари, исплатени од државни пари за набавка на системот за биометриска идентификација, како и да ја надомести штетата на државата во висина на имотната корист, која ја прибавил за себе со склучените договори со обвинетите Игор Ивановски и Маја Силјановска во износ од 880.000 денари во рок од шест месеци од правосилноста на пресудата“, одлучи судот.
Според обвинителниот акт, првообвинетиот Драги Рашковски не ги извршил службените должности при спроведувањето четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување казни, набавка на АНПР-камери за препознавање регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблички.
Случајот го водеше судијката Фанка ЈанчулеваМ-ихаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор
Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без селективен пристап по заканите за тепање и убивање полицајци. Маршот ќе почне во 11 часот со јавен собир пред Основното јавно обвинителство Битола од каде ќе се маршира кон хотел „Епинал“, а ќе заврши на плоштадот „Магнолија“.
„Како одговорен синдикат ќе организираме мирен марш со цел да се актуелизира и јавно да се побара доследно и еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без исклучоци и без селективен пристап. Повод за маршот се последните јавни изјави и настани во Битола, во кој поединци се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да ги спроведат законите, кои повторно ја отворија темата за двојните аршини во постапувањето на институциите кога се работи за полицајци и останати граѓани и создадоа чувство на неправда. Целта на маршот не е насочена против ниту една етничка, социјална или друга заедница, туку е јасен апел и крик за потребата од владеење на правото, каде што законот ќе важи подеднакво за сите, без разлика дали се работи за полицајци, граѓани или институции“, најавија од НСП.
Барањата кои е се упатат од маршот се: еднаков третман пред законот за сите извршители на кривични дела, а не само на полицајците, крај на селективната правда и притвор за сторителите, бидејќи за ваков сличен настан пред само 2 години кој се случи во Прилеп, кога лице се закануваше на обвинителка веднаш беше побарано и определено притвор, барање за итна промена на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и враќање на поранешната глоба која изнесување 1000 евра за омаловажување на државни органи и полициски службеници, наместо сегашните 50, односно 150 евра.
Целта на мирниот марш од НСП велат дека е и враќање на достоинството на полицијата.
Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници. Двете лица јавно се извинија за заканите со објаснување дека се заканиле оти биле под стрес.
Македонија
Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост поради појава на магла до 60 метри има на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 100 м.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потстува дека е на сила законската обврска за зимска опрема во возила и препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.

