Македонија
Манчевски: Очекуваме зголемена побарувачка на експерти за сајбер-безбедност во компаниите
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска и утре учествува на Европскиот форум за сајбер-безбедност во Полска, каде што имаше свое обраќање на панел-сесијата: „Развој на сајбер-безбедноста: Рушење на глобалните препреки во сајбер-безбедноста“.
На прашањето посветено на дигиталната трансформација и можностите што ги нуди дигиталната револуција, особено за бизнис-секторот, и кои се следните чекори што Северна Македонија ќе ги преземе за развој на сајбер-безбедност, министерот Манчевски се осврна на мерките преземени изминативе две години.
„Како Влада, нашиот прв чекор е да создадеме предвидлива, стабилна правна околина за дигитализација, креирана со постојан дијалог со бизнис-секторот. Електронскиот идентитет е клучен овозможувач на дигитализацијата на владините услуги. Усвојувањето на законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, целосно во согласност со Регулативата eIDAS, обезбедува основа за работење на единствениот дигитален пазар и услови за усогласување на средствата за електронска идентификација. Ова ќе овозможи развој на пазарот на доверливи услуги, како и зголемување на довербата во електронските услуги. Со законот за електронски услуги и електронско управување се регулира работата на органите на државната администрација во однос на размената на електронските податоци и документи и на имплементацијата на електронските услуги, кога тоа е предвидено со закон. Вториот чекор е промена на постојниот пејзаж, креирање и култивирање дигитална култура“, истакна министерот Манчевски.
Министерството за информатичко општество и администрација ги доближува електронските услуги до граѓаните преку обезбедување унифицирана платформа за заедничка автентикација, плаќања и доставување услуги за сите владини услуги, а тоа е Националниот портал за е-услуги.
„За справување со сајбер-заканите, кои се постојано во подем, секоја земја мора да ги насочи силите на пазарот преку мотивирање на приватниот сектор да направи динамична и континуираната инвестиција потребна за обезбедување разновидни мрежи на компаниите. Преку воведување регулатива и политики за заштита на критичната информациска инфраструктура, ќе ги обврземе операторите на ваквите инфраструктури, кои најчесто работат во приватниот сектор, да спроведат сет мерки за информатичка безбедност со цел да ги заштитат нивните системи и мрежи. Во секој случај, очекуваме побарувачката за експерти за сајбер-безбедност во овие компании да се зголеми во следните неколку години имајќи ги предвид глобалните трендови. Со ова, пак, ќе се креира побарувачка на образование за сајбер-безбедност на сите нивоа не само во академска смисла туку и преку обуки и сертифицирања за сајбер-безбедност. Затоа, зголемувањето на нивото на темата сајбер-безбедност во образованието, без оглед на тоа дали е формално или неформално, треба да е во фокусот на секоја влада која има цел да ја развие индустријата на сајбер-безбедност“, потенцира министерот Манчевски.
Како што истакна тој, во рамките на сесијата сајбер-криминалот е глобален проблем и ниту една земја не е неранлива во тој поглед. Прекуграничниот криминал и отсуството на соработка се егзистенцијален предизвик. Во суштина сајбер-криминалот зазема меѓународна димензија од два очигледни аспекта. Прво, сајбер-криминалот генериран во рамките на одредена држава често има сериозно влијание врз други земји и, второ, сега е очигледно дека предизвикот со сајбер-криминалот не може да се реши ако државите дејствуваат самостојно. Исто како и загадувањето, една од најголемите закани за животната средина што нема граници, сајбер-криминалот не е ограничен со таканаречените географски граници. Софистицираноста и комплексноста со која се врши сајбер-криминалот е предизвик за сите службеници што се задолжени за спроведување на законот. Поради тоа, мора да соработуваме на регионално и на меѓународно ниво за да се контролира прекуграничниот криминал. Во таа насока соработката на светско ниво веќе не е избор, туку неопходност.
Покрај министерот Манчевски, на панел-сесијата се обратија и Јадвига Емилевич, министерка за претприемаштво и технологија на Република Полска, Кристофер Пејнтер, комесар во Глобалната комисија за стабилност на сајбер-просторот и поранешен координатор за прашања од сајбер-областа во Стејт департментот на САД, и Мајкл Бем, извршен директор на Главната канцеларија за информациска безбедност, Група за контрола на ризикот, УБС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

