Македонија
МАН: „Телма“ воведува цензура, профилите на вработените не се сопственост на телевизијата
Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро го осудува известувањето на одговорниот уредник на телевизија „Телма“ , Атанас Кировски, до вработените и неговите забрани за нивни личен, индивидуален начин на изразување на социјалните мрежи. Според нив, ваквото известување е спротивно на Законот за медиуми кој ја регулира работата на новинарот во медиумот во кој работи, а не и неговите активности на социјалните мрежи.

(Извор: Фејсбук)
„МАН го потсетува Атанас Кировски кој заедно со ЗНМ беа главни противници за регулација на интернет-просторот во РМ (портали и социјални мрежи) уште во 2013 година, кога тоа беше официјален предлог на МАН. И ниеднаш не се заложи за укинување или регулација на подземјето кое се претставува како новинарска фела и сè уште езгистира и го нарушува медиумскиот пазар. Вакво известување е спротивно со Законот за медиуми (член 8 став од 1 до 4 во кој се регулираат обврските на одговорниот уредник), како и член 11 став 1 од истиот закон од причини што тој член ја регулира работата на новинарот во медиумот во кој е вработен, но не и на социјалните мрежи (кои не се законски регулирани во Република Македонија). Истовремено, преставува мобинг според член 5, став 1 од Zаконот за спречување на мобинг“, велат од МАН.
Од Асоцијацијата наведуваат дека профилите на социјалните мрежи се лични профили на вработените, нивен личен медиум, а не сопственост на „Телма“ или кое bilo друго правно лице или невладина организација.
„Веруваме дека до тука сите запознаени со правилата на социјалните мрежи и законите во РМ. Оттука, секој има право да објавува, доколку не се коси со законите и Уставот, односно не е ширење на говор на омраза, национална и верска нетрпеливост, лажни вести, навреда и клевета, лажни обвинувања за криминал од секаков вид. Доколку се објавуваат линкови и информации поврзани со медиумот во кој работат или друг медиум, важно е да се почитуваат правилата на саморегулација. Сè останато треба да се регулира со писмен договор на двете страни“, се вели во соопштението.
Го потсетуваме, велат од МАН, одговорниот уредник на „Телма“, Атанас Кировски, дека токму тој е активен корисник на социјалните мрежи, па оттука, позитивен пример би дал доколку самиот тој прв започне да ги користи согласно ссо неговите законски права и обврски, а не за политички проценки, кои се покажаа како целосна утка.
Кировски вчера им забрани на вработените во телевизијата да објавуваат коментари, мислења и анализи на личните профили на Фејсбук, Твитер и други социјални мрежи кои не се одобрени од уредничкиот колегиум на телевизијата и најави казни за оние кои нема да го почитуваат ова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

