Контакт

Македонија

МАН: Членството во НАТО значи почитување на слободата на медиумите

Објавено пред

Македонската асоцијација на новинарите (МАН) го поздравува потпишувањето на пристапниот протокол за влез на Македонија во НАТО од 29 земји членки на алијансата.

dobivaj vesti na viber

„Членките на НАТО, особено Македонија како една од нив во иднина, имаат сериозна обврска за почитување на слободата на медиумите и професионалните стандарди на новинарите. Тоа беше потенцирано и на самитот во Брисел во јули минатата година кога земјите членки посочија дека, освен имплементација на договорот од Преспа, ги охрабруваат натамошните реформи во земјата, особено слободата на медумите“, велат од МАН преку соопштение.

Оттука, ги повикуваат сите надлежни институции и политички фактори сериозно да си ја сфатат домашната задача.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Тарифата на нотарите енормно зголемена – партиите на власт со нов удар по џебот на граѓаните“, велат од партијата Левица

Објавено пред

„Министерот за правда во заминување, Кренар Лога, неколку дена пред напуштање на функцијата која ја извршуваше катастрофално и со секојдневни скандали, зададе нов удар на сè посиромашните граѓани на Република Македонија, зголемувајќи ја за два до три пати и без тоа веќе високата нотарска тарифа! Ова зголемување доаѓа по претходно мислење од Нотарската комора и добиена согласност од корумпираната техничка Влада составена од министри на ДУИ, СДС и ДПМНЕ!“, соопшти партијата Левица.

dobivaj vesti na viber

„Почнувајќи од 1 септември, трошоците на граѓаните за составувањето на задолжителни нотарски акти, отсега ќе изнесуваат најмалку високи 8000 денари! За споредба, досегашниот минимален надомест за нотарски акти изнесуваше 800 денари, што претставува ДЕСЕТКРАТНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ на трошоците за нотарски акт од мала вредност.

Истовремено, дури и едностраните правни исправи во форма на нотарски акт поскапуваат повеќе од тројно, од досегашните 400 денари на 1300 денари. Воедно, повеќето заверки на документи, кои за граѓаните се товар кој мора да го понесат за завршување и на најмала бирократска работа и процедура, отсега ќе се наплаќаат од страна на нотарите двојно поскапо!

Ова претставува уште едно во низата поскапувања кои го отежнуваат секојдневното живеење и функционирање на граѓаните, а е наметнато од владејачките партии кои наместо да го штитат животниот стандард на граѓаните, ги застапуваат интересите на различни лоби – групи, го отежнуваат пристапот до правни услуги на безимотните и го продлабочуваат класниот јаз.

#Левица принципиелно се залага за олеснување на пристапот до правда во македонското општество и прилагодување на трошоците на граѓаните, согласно реалните економски прилики во државата.

Левица ќе се заложи за преиспитување на ваквата одлука и во прва можност во Собранието ќе побара од новиот министер за правда и од Владата да ги намалат трошоците на граѓаните за нотарските услуги, имајќи го предвид нискиот стандард на живот и застапувајќи ги интересите на сиромашните и безимотните класи“, се додава во соопштението на партијата Левица.

Прикажи повеќе...

Скопје

Герасимовски: Учениците до 10 години може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст

Објавено пред

Општина Центар известува дека учениците до 10 години ќе може да бидат згрижени во градинките за време на летниот распуст до исполнување на капацитетите. Денеска Општина Центар потпиша Меморандум за соработка со основните училишта и градинките за меѓусебна поддршка и соработка на проекти и работилници во областа на образованието.

dobivaj vesti na viber

„Преку оваа соработка сакаме да им излеземе во пресрет на сите родители кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на нивните деца до 10 годишна возраст. За таа потреба ги отвораме градинките и за школските деца каде со наставнички од основните училишта ќе имаат едукативни работилници и други активности за време на летниот распуст. Слободните места за упис на дечињата секако зависи од капацитетите на детската градинка“, потенцираше Герасимовски.

Општина Центар информира дека ученици до 10 години ќе може да бидат згрижени во 5 објекти, а за сите дополнителни информации и критериуми родителите може да се информираат во градинките.

Прикажи повеќе...

Македонија

Силјановска-Давкова се сретна со унгарскиот амбасадор: посочени можностите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше поздравен интензивниот политички дијалог и изразена подготвеност за натамошна успешна соработка меѓу двете земји на билатерален и мултилатерален план.

Претседателката се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка од Унгарија како гласен поддржувач на македонската европската интеграција, што претставува наш стратешки и национален интерес и ги поздрави приоритетите на унгарското претседавање со Европската Унија и најавите во однос на политиката на проширувањето.

Во таа насока, беа разменети информации околу текот на македонските евроинтеграции, при што претседателката го истакна очекувањето дека процесот на пристапување во Европската Унија ќе биде евалуиран праведно, врз основа на Копенхагенските критериуми.

Соговорниците разговараа и за соработката во сферата на образованието, науката, одбраната и транспортот, при што претседателката изрази надеж дека во наредниот период дополнително ќе се продлабочи започната соработка помеѓу државните и високообразовните институции на двете земји.

На средбата беа посочени можностите и за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и зголемување на трговската размена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Од четврток активно портокалово ниво за опасност од високи температури во Македонија

Од утре до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која...

Македонија2 часа

Почина Стојан Андов – првиот претседател на Собранието на независна Македонија

Првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов, почина на 89-годишна возраст. Андов е роден во...

Македонија2 часа

Колку ги чинеше граѓаните театарот за фабриката за електроавтомобили, прашуваат од партијата Левица

„Компанијата за производство на електрични возила од Ахен, Next.E.Go, банкротира и, дефинитивно, оди во стечај. Next.E.Go, или кај нас познати...

Топ4 часа

Познат идентитетот на двете лица што загинаа на Галичица, паднале во бездна длабока 200 метри

Вчера околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од...

Свет5 часа

Столтенберг: Ако не престане да ја поддржува Русија, Кина треба да ги сноси последиците

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за Би-Би-Си изјави дека Кина, доколку не го промени своето однесување, треба да...

Македонија5 часа

Мицкоски треба денес да го достави предлогот за состав на влада до Собранието

Мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува денеска до Собранието да го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина...

Свет5 часа

Агент на тајната служба ограбен со пиштол за време на патувањето на Бајден

Агент на американската тајна служба бил ограбен под закана со пиштол за време на патувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден...

Свет5 часа

Путин пристигнува во посета на Северна Кореја, првпат по 24 години

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Пјонгјанг ќе се сретне со севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун, за прв пат по...

Свет5 часа

Најмалку 17 лица загинаа во бегалскиот камп Нусејрат во Газа

Најмалку 17 лица загинаа во текот на ноќта во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, од израелското бомбардирање, јавува...

Свет5 часа

Тројца убиени во престрелка во Торонто, полицијата се сомнева дека меѓу нив е и убиецот

Полицијата во Торонто денеска соопшти дека верува дека напаѓачот кој уби маж и жена е убиен во пукање во канцелариски...

Топ17 часа

Возило падна во провалија длабока 200 метри на Галичица, две лица загинаа

Две лица загинаа при пад во провалија со возило на Галичица. Според информациите од ЦУК, несреќата се случила кај местото...

Uncategorized18 часа

Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“

Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека...

Македонија19 часа

Здравство треба да го санира урнатиот ѕид кај Детската клиника, а Град Скопје и Општина Центар да најдат решение за подземните води

Санацијата на Полуурнатиот ѕид кај Детската клиника е во надлежност на Министерството за здравство, а решението за подземните води треба...

Топ21 час

Приведени криминалци од Прилеп кои со пиштол и’ се заканувале на продавачка, едниот бил бегалец од затвор

Полицијата приведе двајца криминалци од Прилеп, кои претходно денес со пиштол се заканувале на 35-годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Подавам рака на СДСМ за суштинските прашања од важност за Македонија, но тоа не значи амнестирање од одговорноста за криминалите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната свеченост по повод 34 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ насловена „34 години ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија24 часа

„Уште седум нови барања за апанажа – 750.000 евра го чинат народот поранешните функционери на ДПМНЕ, СДС и ДУИ“, велат од партијата Левица

Пред околу две недели собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им одобри апанажа, во траење од една година,...

Македонија1 ден

Филипче од Атина: Преку договорот од Преспа спорот го трансформиравме во соработка

Д-р Венко Филипче, директор на Фондацијата „Едно општество за сите“, денеска имаше обраќање на дводневната меѓународна конференција за мир и...

Култура1 ден

Љутков: Мораме да ја вратиме националната култура и да ги направиме работниците во културата повторно горди на својата професија

„По предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Централниот и Извршниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер...

Македонија1 ден

Миле Јанакиески од денеска на слобода, по шест години излегува од затвор

По шест години во затвор, на слобода излегува Миле Јанакиески. Тој во периодот од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколкупати...

Македонија1 ден

Мисајловски: Силно ќе се заложам за модернизација на Армијата и засилување на борбената готовност

Сакам да се заблагодарам пред сѐ на нашиот македонски народ за огромната поддршка што ни ја даде на изборите за...