Македонија
Маргини: Собранието јавно да образложи зошто го поништи огласот за членови на Комисијата за заштита од дискриминација
Собранието јавно да ги образложи причините за поништувањето на огласот за избор на членовите на Комисијата за заштита од дискриминација, бараат од Мрежата за заштита од дискриминација и од коалицијата Маргини. Од таму бараат Собранието во најбрз можен рок и пред најавеното распуштање да го спроведе изборот на членовите на Комисијата.
„На седницата одржана на 12 декември Собранието на Република Северна Македонија, без образложување на причините за поништување на огласот за избор на членови на Комисијата за заштита од дискриминација, на нетранспарентен начин, одлучи повторно да го објави огласот. Собранието ниту еднаш, и покрај бројните пропусти при објавувањето на првиот оглас, не излезе со објаснување зошто граѓаните веќе четири месеци го немаат на располагање овој механизам за заштита на нивните права. Го повикуваме Собранието јавно да ги образложи причините за поништувањето на огласот за избор на членовите на Комисијата за заштита од дискриминација“, се наведува во соопштението.
Од Мрежата за заштита од дисриминација и од коалицијата Маргини апелираат до Собранието во најбрз можен рок и пред најавеното распуштање да го спроведе изборот на членовите на Комисијата за заштита од дискриминација на транспарентен начин и водејќи сметка за квалитетот на избраните кандидати.
„Обврската составот на ова тело да го одразува составот на општеството во целина, не смее да остане само декларативна, туку реална цел на Собранието бидејќи во спротивно, ќе се компромитира целта на ова тело како гарант за еднаквоста на сите граѓани. Потребно е да се изберат професионални и независни кандидати и кандидати кои на ниту еден начин не се поврзани со политичките партии. Притоа етничката припадност не смее да биде единствен критериум, особено нејзиното тесно разбирање како распределба на позициите помеѓу Македонците и Албанците. Неопходно е да се води сметка за родовата еднаквост и да се вклучат претставници на маргинализираните заедници (Роми, лица со попреченост, ЛГБТИ и други)“, пишува во соопштението.
Транспарентноста и јавноста на изборот на членовите на Комисијата, се додава, значи јавно објавување на документите на сите кандидати, јавна расправа за изборот и учество на здруженијата на граѓани по примерот на изборот на Комисијата за спречување на корупцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

