Македонија
(Видео) Марин: Зграда кај Мајчин дом не треба да има, но нема можност да се спречи изградбата
И по неуспехот да ја сопре изградбата на деветкатницата кај „Мајчин дом“, градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, нема да поднесе оставка како што бараат граѓаните, бидејќи ги исцрпел сите правни можности за да ја сопре градбата, но вели дека е на страната на жителите. Тој објасни дека во моментов нема можност да сопре градењето на девткатницата.
„Заедно ја почнавме битката, заедно ќе ја продолжиме, поднесени се 13 претставки до Уставниот суд за овој објект, таму зграда не треба да има. Од судот нема никаква одлука“, рече градоначалникот Марин и повтори дека претходната Влада ненајавено и без дебата го донела урбанистичкот план И-10.
На прашањето зошто не ги применил советите што и самиот му ги даваше на претходниот градоначалник, Ивица Коневски, сопственикот на парцелата да се обесштети со пари или да му се понуди нова локација, Златко Марин одговори дека тоа е прескапо.
„Во неформален разговор, утврдивме дека цената на парцелата е два милиона и седумстотини евра, а на тоа треба да се додаде и профитот што би го имал доколку би изградил зграда, што за општината беше прескапо. Се работи за бројка која би достигнала 8 – 10 милиони евра. Тоа е огромна сума пари што ќе ја блокираше општината на најмалку 4 години“, рече градоначалникот Марин.
За да не се повторуваат вакви градби во општината, тој најави формирање на Совет за урбанизам во општина Аеродром, во кој ќе членуваат експерти за урбанизам, планери и граѓаните.
Градоначалникот го поддржа протестот, но на прашањето дали и тој ќе излезе да протестира рече само дека е подготвен по завршување на протестот да прими во Општината претставници од граѓаните за разговараат за проблемот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

