Македонија
Маричиќ-Брукс: Западен Балкан во ЕУ значи траен мир, стабилност и обединување на цел регион и на Европа
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој е во работна посета на Соединетите Американски Држави оствари средба со Робин Брукс, специјалната советничка за Европа на потпреседателката на САД, Камала Харис, на која разговараа за повеќе теми поврзани со задачите и обврските во процесот на преговори со ЕУ, текот на скрининг процесот и актуелните политички случувања во регионот.
Маричиќ истакна дека македонската Влада го разбира и го препознава политичкиот моментум во кој се отворени иницијативи и планови поврзани со политиката на проширување на ЕУ, укажувајќи за потребата од видливи резултати и давање извесност на европската перспектива од страна на ЕУ, која ќе помогне во ефикасното и ефективно спроведување на реформите.
Робин Брукс, која има одлично познавање на состојбите на Западен Балкан потврди дека потврди дека Северна Македонија во вистински момент ги започна преговорите со ЕУ и дека сега мора да остане активна во процесот, бидејќи на маса е пакет за следно проширување во кое треба да ги вложиме сите напори за нашата држава да остане дел од истиот.
На средбата беше потенцирано дека интеграцијата во ЕУ значи вложување во трајниот мир, стабилност и просперитет на целиот регион и на Европа и дека треба да се работи заеднички и со ЕУ, но и земјите меѓусебно, со дијалог и регионална соработка, да се приближуваат кон Унијата.
Маричиќ и Брукс се согласија дека искуството кое го има Северна Македонија во евроатлантската интеграција, практикувањето на дијалогот во решавањето на важни државни прашања, како и напорите кои ги прави за спроведување на клучните реформи, со цел да успее во исполнувањето на стратешките цели, ја прави нашата држава да е препознаена како фактор за регионалната стабилност и просперитет, и позитивен пример за целиот регион во правењето вистински избор кога се работи за иднината и стабилноста на земјите од Западен Балкан.
Маричиќ се заблагодари на континуираната поддршка и помош во исполнувањето на европската реформска агенда и упати поканa на Брукс, заедно со потпретседателката на САД, Камала Харис, да ја посетат Северна Македонија.
Тој во Вашингтон ќе се сретне и со Роб Ли, директор на Канцеларијата за Европска Унија и регионални прашања при Стејт Департментот и амбасадорот Џим О’Брајан, шеф на Одделот за координација на санкции при Стејт Департмент и именуван помошник Државен секретар за Европа и Евро-Азија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со само 𝟣𝟢𝟢 денари до нов автомобил!
Кога среќата се бара и чудата се можни – доказ за ова е инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија. Со симболичен влог од само 100 денари, секој играч има единствена можност да стане добитник на еден од седумте Ford Focus Titanium, на еден од седумте Ford Kuga ST Line X или на различни парични добивки.
Титаниумската среќа веќе ја почувствуваа добитници од различни градови низ државата. Тие денес уживаат едно поинакво искуство зад воланот. Возењето за нив значи сигурност и нова енергија, но и радост и возбуда. Првата добитничка на премија од „Титаниум“ доаѓа од Штип и го освои автомобилот Ford Kuga, а добитничка од Скопје доби Ford Focus како роденденски подарок. Токму ваквите моменти и доживувања ја претвораат играта во магија.
„Титаниум“ не е само инстант лоз – тој е симбол на надеж и верба во чуда. Секое гребење е потсетник дека животот може да донесе убави изненадувања тогаш кога најмалку ги очекуваме. Но и доказ дека треба да веруваме во нив.
„Титаниум“ може да биде и оригинален подарок за најблиските со ковертите „Среќа плус“ на Државна лотарија. Замислете, со еден мал знак на внимание може да донесете голема радост и незаборавни моменти на оние што најмногу ги сакате.
Секој лоз „Титаниум“ крие можност за убав пресврт, а можеби токму во вашите раце е следната добитна приказна. За само 100 денари може да ја почувствувате возбудата. Не дозволувајте среќата да помине покрај вас, таа е под прстите. Купете го „Титаниум“, изгребете и бидете следниот добитник.
ПР
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.

