Македонија
Маричиќ во Ниш на потпишување ИПА за прекугранична соработка со Србија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/Bojan-maricik.jpg)
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска, во Ниш, ќе ја потпише трилатералната финансиска спогодба за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија и Европската Унија.
ИПА-програмата за прекугранична соработка, која беше усвоена од Европската комисија на 3 јуни 2022 година, има вкупен буџет од 9,7 милиони евра, од кои 8,4 милиони евра неповратни средства од ЕУ.
Маричиќ, заедно со својата српска колешка, министерката за европски интеграции, Тања Мишчевиќ, и евроамбасадорот во Србија, Емануел Жиофре, ќе ја потпишат првата алокација од новата прекугранична соработка за 2021 и 2022 година, во вредност од 3,6 милиони евра.
Средствата предвидени за реализација на прекуграничната соработка ќе опфатат два тематски приоритета, и тоа социо-економски развој и развој на туризмот во прекуграничниот регион, во кој влегуваат областите Јабланица и Пчиња во Србија, и Североисточниот Регион и дел од Скопскиот Регион во Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ ги потврди добрите политики на СДСМ кои доведоа до намалување на маржата на цената на струјата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/14122023_Bitikji_FITR_1.jpg)
„Новата Влада на ВМРО-ДПМЕ уште еднаш ги потврди добрите политики на владата предводена од СДСМ, а тоа е во насока на заштита на интересите на граѓаните“, рече пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи, образложувајќи го ставот на пратеничката група на СДСМ за поддршка на Предлог на закон за дополнување на Законот за енергетика, кој по скратена постапка беше денес усвоен во Собранието.
Битиќи нагласи дека измените кои денеска се предлагаат се последица на успешната тендерска постапка за избор на Универзален снабдувач, која заврши пред неполн месец дена, а на која што беше избрана ЕВН Хоме.
„Тоа што е ново е дека постигнавме да ја намалиме маржата која универзалниот снабдувач ја аплицира кон крајните корисници од 11,5% на 9,9%. Ова е една од најниските маржи досега аплицирани кон крајните корисници и сметаме дека ова е нешто на кое сите треба да се гордееме“, рече Битиќи.
Образложувајќи го ставот на пратеничката група на СДСМ, Битиќи појасни дека со овие законски измени се овозможува аплицирањето на намалената маржа кон крајните корисници да стапи на сила веднаш, пред Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да ја донесе одлуката за цената на струјата од 1 јули до крајот на годината.
Зборувајќи за законските измени, Битиќи образложи дека една од причините за поддршка од пратеничката група на СДСМ е тоа што со истите се предвидува производителот на електрична енергија со најголем инсталиран капацитет на Универзалниот снабдувач да му понуди на продажна во 2024 година 40% од вкупните годишни потреби на снабдувачот.
„Тоа значи дека ЕСМ, која што се пријавила пред само 10 дена, а слушавме помпезно како тоа само 85% ќе понуди, нуди двојно повеќе од тоа што укажува Законот дека треба да го понуди. Нуди по цена која е 60% субвенционирана, пониска цена од производната цена“, рече Битиќи.
Пратеникот Битиќи во своето обраќање потенцираше дека ова е начинот на кој една разумна и конструктивна опозиција треба да се однесува во Собранието, а тоа е да се поддржуваат сите законски решенија кои имаат за цел поддршка на граѓаните и квалитетот на нивниот живот.
„Вака СДСМ и коалицијата ќе продолжи да се однесува и наредните четири години секогаш кога е во прашање интересот на граѓаните“, порача Битиќи.
Македонија
Петровска: СДСМ е државотворна партија и повторно ќе се врати на победничките патеки
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/slavjanka-petrovska-3.jpeg)
Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска денеска пред членовите од Велес ги претстави клучните приоритети од нејзината програма „Манифест за социјалдемократијата“.
„СДСМ е државотворна партија и повторно ќе се врати на победничките патеки онаму каде што припаѓа. Тоа ќе го постигнеме само ако сме обединети и ако постојано го слушаме нашето членство. Тоа, јас како иден претседател, се обврзувам да го правам, да ги слушам членовите кои како што го избираат претседателот на партијата, така ќе ги избираат и претседателите на општинските организации, но и идните пратеници, советници, градоначалници“, посочи Петровска и дополни:
„Заедно ќе успееме, заедно ќе го вратиме СДСМ на кормилото на државата“.
Македонија
Собранието го донесе Законот за енергетика со кој ќе се спречи поскапување на струјата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/sobranie4.jpg)
Со 84 гласа ЗА, и ниту еден против и воздржан, Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика што го најави ВМРО-ДПМНЕ, за да се спречи зголемување на цената на струјата.
Пратениците на СДСМ претходно најавија дека ќе го поддржат законот, посочувајќи дека тој е продолжение на добрите политики на минатата влада.
Од Левица реагираа за овој Закон, но на крајот немаше гласови против.
Претседателот на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е и еден од предлагачите на законското решение, посочи дека измените се многу суштински, но се прилично едноставни, поради што законот е поднесен по скратена постапка.