Македонија
Маричиќ: Ефективните механизми за алтернативно решавање спорови се од особено значење за пристапување на Македонија во ЕУ
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања учествуваше на денешната конференција „Политики за промоција на арбитража и медијација во Северна Македонија“, организирана од страна на Европа Институтот од Заарланд, Германија и Правниот факултет Јустинијан Први – Скопје кој се одржа во Секретаријатот за европски прашања.
Тој истакна дека Владата на Република Северна Македонија е целосно посветена на евроинтеграцијата на земјата и нејзината севкупна подготвеност за преземање на обврските од полноправно членство во 2030 година. Исклучителен партнер на Владата во овој процес е секако академската заедница, чие објективно согледување на недостатоците во нашето законодавство и потребата истото да се унапреди е секогаш драгоцено и поттик за преземање на мерки за отстранување на утврдените недостатоци.
Ефективните механизми за алтернативно решавање спорови се од особено значење за процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија од неколку причини.
Една од нив е влијанието на алтернативното решавање на спорови на подобрувањето на ефикасноста на судскиот систем преку намалување на бројот на спорови пред националните судови.
Токму механизмите за алтернативното решавање на спорови, се составен дел на сите модерни и ефикасни европски правни системи.
Медијацијата и арбитражата, се значаен столб за подобрување на пристапот до правдата, овозможувајќи им на бизнисите во Северна Македонија побрз, а честопати поевтин и пофлексибилен начин за решавање споровите во споредба со традиционалниот судски начин на решавање на спорови. Ова не само што ја подобрува севкупната ефикасност на судскиот систем, туку дополнително го зацврстува владеењето на правото и правната сигурност.
Вицепремиерот истакна дека Европската Унија во своите годишни извештаи за напредокот во Северна Македонија ја истакнува потребата Северна Македонија, релевантните комори и чинители да продолжат да вложуваат напори за промоција на медијација, арбитража и другите методи за алтернативното решавање на спорови.
Ефикасното алтернативно решавање на спорови поттикнува странски инвестиции и влијае позитивно на довербата на бизнисите во правниот систем во Северна Македонија. Затоа, создавањето на конкурентна економија и привлекување странски инвестиции зависи во голем дел и од достапните механизми за алтернативно решавање на спорови, рече Маричиќ.
Вицепремиерот ја објасни важноста на денешната конференција е важна за државата и нејзиниот евроинтеграциски процес и со нетрпение очекуваме да ги слушнеме препораките за политики за унапредување на алтернативното решавање спорови во Северна Македонија.
Стратешката определба на оваа Влада е јасна, и реална – полноправно членство во Европската Унија до 2030 година. Со самото членство, бизнис секторот во Северна Македонија ќе биде вклучен во зголемен број прекугранични трансакции и соработки, а методите на алтернативно решавање на спорови можат да придонесат кон стабилноста на меѓународните односи и трговската размена на земјата.
Се наоѓаме на клучна точка во хронологијата на нашиот процес за членство во Европската Унија.
Затоа од големо значење е да ја искористиме без дилема, без грижи и без страв оваа шанса. Убеден сум дека со спроведувањето на реформите, со користење на помошта која ја добиваме од ЕУ ќе успееме да придонесеме за просперитет на државата и граѓаните.
Уверен сум дека со мнозинството македонски граѓани кои сакаат да ја видат Северна Македонија во Европската Унија во 2030 година и со Влада која дели европски вредности, која системски ги решава и гради политиките на добро владеење, отчетно и плански, можеме да ја обезбедиме европската иднина за сегашните и идните генерации.
На денешната конференција во организација на страна на Европа Институтот од Заарланд, Германија и Правниот факултет Јустинијан Први – Скопје учествуваа и амбасадорката на Сојузна Република Германија, професори од факултетите, судии, арбитри, студенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со само 𝟣𝟢𝟢 денари до нов автомобил!
Кога среќата се бара и чудата се можни – доказ за ова е инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија. Со симболичен влог од само 100 денари, секој играч има единствена можност да стане добитник на еден од седумте Ford Focus Titanium, на еден од седумте Ford Kuga ST Line X или на различни парични добивки.
Титаниумската среќа веќе ја почувствуваа добитници од различни градови низ државата. Тие денес уживаат едно поинакво искуство зад воланот. Возењето за нив значи сигурност и нова енергија, но и радост и возбуда. Првата добитничка на премија од „Титаниум“ доаѓа од Штип и го освои автомобилот Ford Kuga, а добитничка од Скопје доби Ford Focus како роденденски подарок. Токму ваквите моменти и доживувања ја претвораат играта во магија.
„Титаниум“ не е само инстант лоз – тој е симбол на надеж и верба во чуда. Секое гребење е потсетник дека животот може да донесе убави изненадувања тогаш кога најмалку ги очекуваме. Но и доказ дека треба да веруваме во нив.
„Титаниум“ може да биде и оригинален подарок за најблиските со ковертите „Среќа плус“ на Државна лотарија. Замислете, со еден мал знак на внимание може да донесете голема радост и незаборавни моменти на оние што најмногу ги сакате.
Секој лоз „Титаниум“ крие можност за убав пресврт, а можеби токму во вашите раце е следната добитна приказна. За само 100 денари може да ја почувствувате возбудата. Не дозволувајте среќата да помине покрај вас, таа е под прстите. Купете го „Титаниум“, изгребете и бидете следниот добитник.
ПР
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.

