Македонија
Маричиќ: Извештајот за „Фундаментални вредности“ го очекуваме во првиот квартал од 2023 година
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција го најави првиот скрининг-извештај за кластерот „Фундаментални вредности“ кој земјава, согласно најавите од Брисел, го очекува во првиот квартал од 2023 година.
„Овој кластер опфаќа пет поглавја и тоа поглавјата поврзани со владеењето на правото – 3.23 Правосудство и фундаментални права и 3.24 Правда, слобода и безбедност, како и 3.05 Јавни набавки, 3.18 Статистика и 3.32 Финансиска контрола. Во кластерот се и новите области кои се дел од преговарачкиот процес – функционирање на демократските институции, реформата на јавната администрација и економските критериуми“, рече Маричиќ.
Притоа информираше дека за овој кластер треба да се подготват три патокази кои ќе треба да ја рефлектираат политичката заложба за спроведување на клучните стратешки реформи преку дефинирање на краткорочни и среднорочни цели, и тоа: Патоказ за владеење на правото, Патоказ за функционирање на демократските институции, кој нема да биде одредница за отворање на кластерот и Патоказ за реформа на јавната администрација, кој ќе биде и одредница за отворање на кластерот и кој треба да се фокусира на градење на професионална администрација во служба на граѓаните и на јакнење на административните капацитети за спроведување на законите и политиките кои се усогласени со европските стандарди.
„Дополнително, во рамки на Патоказот за владеење на правото – ќе треба да се подготви и Акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците со мерки за недискриминација, борба против говор на омраза и образование“, рече Маричиќ.
Тој ја претстави и временската рамка во која се очекува да се реализира објаснувачкиот скрининг според поглавја заедно со билатералниот скрининг. Календарот на состаноци го дефинира Европската комисија, и врз основа на она што им било презентирано на состанокот за отворање на скринингот, како начелен календар на ЕК (кој може да претрпи одредени измени), може да се види дека ќе не очекува динамичен период, со оглед на тоа што процесот на презентирање на новото законодавство почнува од септември оваа година, а паралелно во период од околу 15 месеци ќе се одвива и билатералниот скрининг, односно Европската комисија планира овој процес да заврши до ноември 2023 година, посочуваат надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

