Македонија
Маричиќ-Матуела: Почетокот на преговорите со ЕУ ќе дадe позитивен импулс во општеството
Министерот за правда, Бојан Маричиќ, оствари средба со вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела, на која се разговараше ЕУ перспективите на земјата и чекорите кои се преземаат во правосудството со цел зацврстување на правната држава.
Маричиќ на високата гостинка и ги претстави новите закони кои долго време се работеа во Министерството за правда, а се во насока на реформа во правосудството. Дополнително беше објаснет процесот на дигитализација на судовите и нивното опремување со софистицирана информатичка технологија. Во однос на ЕУ-интеграциите, Маричиќ кажа дека отворањето на преговорите ќе даде нов силен и позитивен импулс во општеството и додаде дека европските интеграции се високо на агендата на Владата.
На средбата се разговараше и за пописот кој во земјава се спроведува по речиси 20 години. Министерот за правда ја информираше Матуела дека теренското пребројување се одвива во најдобар ред и дека се очекува успешно да заврши. Досега се попишани над 1.100.000 граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Синдикатот на „Паркови и зеленило“ ги покани кандидатите за градоначалници на прес-конференција барајќи подобри услови за работење
Независниот синдикат на паркови и зеленило најави дека утре, 27 октомври, ќе одржи прес-конференција пред пунктот на ЈП „Паркови и зеленило“ во Автокоманда.
Пресот го организира Градскиот независен синдикат на паркови и зеленило, кој функционира во рамките на Независниот синдикат на државна администрација. Од синдикатот велат дека ќе се зборува за условите за работа и состојбите на конкретното работно место, кое, како што наведуваат, е „под човечко достоинство“.
На пресот се поканети кандидатите за градоначалник на Град Скопје – Орце Ѓорѓиевски и Амар Мечиновиќ, како и кандидатите за градоначалници на општините Гази Баба, Аеродром и други.
Од синдикатот посочуваат дека целта на настанот е јавен увид во состојбите и почитувањето на правата на вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, вклучувајќи плата, регрес, јубилејни награди, новогодишен додаток и отпремнини, согласно колективниот договор и законските прописи.
Македонија
Герасимовски вели дека поддршката од центарци се зголемува: „Работевме домаќински, не потрошивме ниту денар на непродуктивни трошоци“
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Поддршката од центарци во пресрет на вториот круг од локалните избори за Герасимовски значително се зголемува. Тој, на вчерашните средби доби поддршка да продолжи да ја води општината како во изминатите четири години.
Герасимовски, на центарци им ги најави клучните проекти за вториот мандат, тоа се модерен дом за стари лица, нова градинка, набавка на две цистерни и пет метларки, ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало за намалување на сообраќајниот метеж, изградба на две монтажни катни гаражи, нов административно-граѓански објект, два покриени базени, како и воведување на „Центарска картичка“.
„Работевме домаќински, не потрошивме ниту еден денар на непродуктивни трошоци. Во еден мандат ја изградивме најмодерната градинка во државата. Реконструкцијата на нашата култна сала „Работнички“ е во завршна фаза, поставивме ново смарт осветлување, ги подобривме условите во сите градинки и основни училишта. Покажавме како се води општина, во интерес на сите граѓани, а не на политички интереси. Со истата грижа за секој еден центарец продолжуваме и во новиот мандат“, рече Герасимовски.
Граѓаните, упатија благодарност до Герасимовски за акциите за чистење на сметот што ги спроведува целата измината година.
Македонија
Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање
Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени, јавува УХМР.
Денес најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.

