Македонија
Маричиќ му ја предаде функцијата на својот наследник Тупанчески

Маричиќ, денеска, во Министерството за правда му ја предаде министерската функција на својот наследник, проф. д-р Никола Тупанчески.
Поранешниот прв човек на Министерството за правда, Маричиќ, при примопредавањето на должноста на новиот министер Тупанчески му посака среќа и успех во извршувањето на функцијата, со верување дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите што се од круцијално значење за напредокот и евроинтеграцијата на државата.
„Во изминатиот период со Стратегијата за реформа во правосудниот систем 2017-2022 и реализирањето на законодавната агенда направивме чекор напред во функционирањето на правосудството. Верувам дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите бидејќи од суштинско значење за напредокот на државата и за евроинтеграцискиот процес се оценките што доаѓаат токму од правосудството.
Среќно, колега“, напиша на поранешниот министер за правда, Маричиќ, на „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.