Контакт

Македонија

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Објавено пред

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните мрежи порача дека земјата влегува во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години.

dobivaj vesti na viber

„Над милион попишани граѓани. Одлични вести од Државниот завод за статистика. Влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години!“, напиша министерот за правда во објава на „Фејсбук“.

Тој посебна благодарност упати до, како што нагласи, неуморните попишувачи кои на терен неуморно работат за да се обезбеди подобра иднина за сите нас.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Зелен хуман град“ бара ургенција од Град Скопје за постапката против Цементарница Усје

Објавено пред

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ испрати барање до Град Скопје како подносител на кривичната пријава против Цементарница Усје АД Скопје, поднесена во 2023 година, да достави ургенција до Јавно обвинителство со цел да се добие информација за статусот и фазата на постапката.

dobivaj vesti na viber

Од иницијативата бараат Обвинителството да одговори дали постапката е во тек, дали е привремено запрена и кога се очекува да продолжи, како и причините за таква одлука, односно дали е трајно запрена и со кое образложение.

„Зелен хуман град“ оценува дека усвојувањето на заклучокот со кој Советот на Град Скопје ја издвоил Цементарница Усје како најголем загадувач и препорачал нејзина дислокација до органите на централната власт е позитивен почетен чекор, но, според нив, тој не е доволен сам по себе.

Од иницијативата посочуваат дека Градот Скопје, како подносител на кривичната пријава, има обврска активно да се залага постапката да не запре и да биде изречена соодветна казна.

Во барањето се наведува и потребата од воведување 24-часовен мониторинг на индустриското загадување, кој, како што посочуваат, веќе е достапен за јавноста во реално време, како и третирање на условите од Најдобрите достапни техники на Европската Унија од 2013 година за цементната индустрија како минимални стандарди во Македонија.

Иницијативата повторно побара дислокација на Цементарница Усје надвор од Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дизелот поскапува

Објавено пред

Од

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за еден денар, додека цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

dobivaj vesti na viber

Од 27.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 33,099 (денари/килограм)

Со новата одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1 денар за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,112 ден/кг и сега ќе изнесува 33,099 ден/кг.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче живеат во измислен универзум, се надеваме дека ќе се обратат кај лекари

Објавено пред

Од

Заврши опседнатоста на СДС со Александар Вучиќ и соседна Србија, сега си најдоа нова опсесија. Откако со недели и недели ја труеја македонската јавност со соседната земја, до степен човек да не можел да ги разликува дали биле опозиција во Србија или пак во Македонија, сега отидоа малку по на север и се фатија со Унгарија, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Јон Фрчкоски од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„СДС на чело со Венко Филипче, очигледно, живее во некој паралелен, измислен, универзум штом со ништо друго не се занимаваат освен со теории на заговор, дека се е против нив, небаре се центар на светот. Ваквите состојби кај луѓето бараат професионален третман од стручни медицински лица, за што се надеваме дека ќе се обратат кај лекари и побрзо ќе ја надминат ситуацијата. Или пак, ваквата нивна илузија е нивен свесен чекор, за да избегаат од реалните проблеми и состојби во самата СДС, само и само да не му се загрози претседателското столче на Филипче, за што има се погласни повици да си замине од партијата, која ја имаат заробено со кланот Дубаи“, пишува во реакцијата.

Кога сме кај кланот Дубаи и Зоран Заев, додава ВМРО-ДПМНЕ, ги прашуваме СДС добри ли му беа Виктор Орбан и Унгарија за време на седумгодишното владеење кога реализираа бројни средби во Македонија и Унгарија со високи делегации, кога лично Заев изразуваше голема благодарност кон унгарската Влада за соработка и помошта која му ја даваа на нашата држава.

„Наместо да лутаат како безидејни, што и се, им препорачуваме што побрзо да си погледнат во сопствениот двор и да се зафатат со решавање на внатрешните проблеми, зошто никој на СДС и Венко Филипче не им е крив за проблемите во партија, освен тие самите кои не слушаат никого, ни членство, ни поддржувачи, туку си тераат по свое. Дополнително прашуваме, каде во свет лице фатено на дело да шмрка кокаин, дели лекции за морал?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Две монтажни катни гаражи добива Клиничкиот центар во Скопје, најави Орце Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави отпочнување на процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки...

Македонија59 минути

(Видео) Филипче ја критикуваше Владата дека го кочи европскиот пат и нема волја за уставни измени

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седница на Националниот совет за евроинтеграции изрази сериозна загриженост поради, како што рече, целосниот...

Македонија2 часа

Судењето за „Пулс“ почна со предупредување за родителите на загинатите дека ќе бидат исклучени, по тензиите со бранителката на Јованови

Денешното судење за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ со 63 жртви и над 200 повредени почна со предупредување за родителите...

Топ3 часа

Три лица тешко повредени во сообраќајка помеѓу три возила во тетовско

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер во 22:50 часот на регионалниот пат Јажинце...

Македонија4 часа

Не е тајна дека Мицкоски има работено во бизнис секторот и има добро заработено, велат од ВМРО-ДПМНЕ за скапите часовници на премиерот

Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот...

Македонија4 часа

Блокадите на границите не се решение, загубите ќе бидат големи, смета Стопанската комора

Проблемот со примената на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот патен транспорт (евиденцијата на влез и излез...

Македонија5 часа

Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини, МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција информира дека до МВР е доставена најава за одржување...

Македонија5 часа

150 минимални плати чинат часовниците на Мицкоски, велат од СДСМ

„Премиерот Христијан Мицкоски се најде на врвот на листата на политичари од земји членки на НАТО со најскапи часовници“, велат...

Топ5 часа

Пијана со нож го прободела сопругот, а потоа го гребела по вратот и телото: жена од Хрватска осомничена за семејно насилство во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека...

Европа6 часа

Зеленски: Кучето на Лукашенко има повеќе права од белорускиот народ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Белорусија е сè уште принудена да постои како територија управувана од Русија, додавајќи дека...

Свет7 часа

(Видео) Градоначалникот на Њујорк снимен со лопата во рака

Њујорк, Њу Џерси и Конектикат прогласија вонредна состојба поради голема зимска бура што донесе обилни снежни врнежи во целиот регион....

Свет7 часа

(Фото) Зимска бура во САД: Најмалку седум мртви, стотици илјади без струја

Опасната зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави усмрти најмалку седум лица и остави стотици илјади домови без електрична...

Свет19 часа

Ризик по животот: Човекот кој се искачи на Тајпеј 101 без заштита земал половина милион евра

Американскиот алпинист Алекс Хонолд изјави дека му е платен „смешно мал“ надомест за да се искачи на облакодер од 488...

Топ20 часа

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно...

Топ20 часа

Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска...

Свет23 часа

Киев е без греење на минусни температури, Зеленски бара поддршка за воздушна одбрана додека

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од сојузниците поголема поддршка за воздушна одбрана, бидејќи стотици згради во Киев се без греење...

Македонија1 ден

Безбеден град ќе казнува по 500 евра и една година без возачка за брзо возење

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на...

Македонија1 ден

Да беше жив Тоше Проески денес ќе полнеше 45 години

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија...

Македонија1 ден

АХВ за една година спровела над 125 илјади контроли и наплатила 618 илјади евра

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на...

Македонија1 ден

Денес може да се дарува крв во чест на хуманоста на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција...