Македонија
Маричиќ од Брисел: Водиме социјална политика која има исти цели како европската
Денеска во Брисел се одржува објаснувачкиот состанок за Поглавје 19, „Вработување и социјална политика“, на кој вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, истакна дека социјалната политика која ја води Владата е во насока на постигнување на целите на „социјалната и солидарната ЕУ“ политика.
„Остануваме посветени на создавање еднакви можности за сите, на забраната на дискриминација по која било основа и на зајакнување на социјалниот дијалог. Правична распределба е основна појдовна точка за социјалната политика на Северна Македонија и ЕУ“, рече Маричиќ.
Вицепремиерот во своето обраќање посочи дека во областа на вработување и социјална политика, Северна Македонија континуирано се усогласува со релевантното законодавство на ЕУ и во институционалните капацитети, што е потврдено во последниот годишен Извештај.
„Ги зголемивме бенефициите за социјална помош и продолживме со спроведувањето на мерките за ублажување за справување со социо-економското влијание на пандемијата COVID-19“, истакна Маричиќ.
Во однос на подобрување на политиките за недискриминација на локално и национално ниво, како и подобрување на механизмите за заштита и собирање статистички податоци донесена е нова стратегија за родова еднаквост, Стратегијата за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година, која ја издвои Маричиќ како една активност од постигнувањата во оваа област.
Препознавајќи ја важноста од одржување на високи и соодветни стандарди во областа на здравјето и безбедноста при работа, Маричиќ пред Европската комисија кажа дека Северна Македонија подготви нова Стратегија за безбедност и здравје при работа 2021-2025 и придружен Акционен план 2021-2023, во кои е земена предвид Стратешката рамка на ЕУ за безбедност и здравје при работа 2021-2027 година.
Преговорите со ЕУ ќе придонесат кон подобрување на системот за социјална заштита, зголемување на образовното ниво на работната сила, постигнување на висока стапка на вработеност, забрана за дискриминација при вработување.
Денес се одржаа два објаснувачки скрининг состаноци од Кластерот 3, за Поглавје 26 „Образование и култура“ и Поглавје 19, „Вработување и социјална политика“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

