Македонија
Маричиќ од лидерската средба: Северна Македонија и земјите на Западен Балкан со планот за раст забрзано ќе се интегрираат во ЕУ
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, беше дел од делегацијата на лидерскиот состанок за планот за раст за Западен Балкан.
На состанокот беше истакнато дека планот за раст е вистински чекор за интеграцијата кон ЕУ на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан.
Планот за раст, поддржан со значителна финансиска поддршка, означува решителен чекор и трансформациски патоказ за заеднички просперитет на Западен Балкан.
Оваа иницијатива ја симболизира посветеноста на регионот за акција, поттикнување на економскиот развој, стабилност и регионална интеграција сè до усогласување на националните економии со стандардите на ЕУ, инструментот дејствува како катализатор за успешна интеграција поттикнувајќи фундаментални реформски промени важни за постигнување на стратешката цел за приклучување во ЕУ до 2030 година.
Клучно за планот е воспоставување заеднички регионален пазар, отклучување на економскиот потенцијал и отворање на патот кон единствениот пазар на ЕУ. Областите како олеснувањето на трговијата, отворањето на услужниот сектор и мобилноста на работниците се во фокусот на забрзаната интеграција.
На денешната средба беше наведено дека Северна Македонија се заложува да создаде солидна реформска агенда, која ќе биде основа за непречено реализирање на евроинтеграцијата на државата, со цел постигнување на полноправно членство во ЕУ до 2030 година. Посветеноста на планот за раст придонесува за трансформација на државата, го поуспешува развојот на општеството и забрзаното пристапување кон ЕУ.
Главните определби на состанокот се приоритетите на патот кон ЕУ, односно заложбата за реализација на реформите, соработката, поврзувањето преку финансиските инструменти, кои ќе значат стабилно и сигурно развивање на регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.

