Македонија
Маричиќ од Тирана: Очекуваме поддршка од земјите членки на Унијата и храбар лидерски чекор за интеграцијата на Западен Балкан
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во рамки на посета на Тирана оствари средба со заменик-претседател на Владата, Арбен Ахметај, албанската министерка за надворешни работи Олта Џачка и Зеф Мази, главниот преговарач за пристапување на Република Албанија во ЕУ. На средбите со високите државни претставници уште еднаш беше потврден ставот дека двете држави не се откажуваат од ЕУ и покрај предолгото чекање, како и важноста Европската Унија да го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија и Албанија.
„Двете пријателски земји имаме заеднички пат кон членство во европското семејство, пат на кој покажавме зрелост и за регионално интегрирање и соработка која се потврдува низ активностите преземени со иницијативата ‘Отворен Балкан’. Време е да се валоризира она што досега го постигнавме во делот на реформите, и на Северна Македонија и Албанија да им се даде датум за отпочнување на преговорите со Унијата“, потенцираше вицепремиерот Маричиќ на средбите со неговиот колега Ахметај и министерката за надворешни работи, Џачка.
На средбата со Зеф Мази главниот преговарач за пристапување на Република Албанија во ЕУ соговорниците се согласија дека фокусот во претстојниот период на двете држави ќе биде ставен да се обезбеди целосна подготвеност на државната администрација за процесот на пристапни преговори, која ќе може да одговори на новата методологија. Беше отворено и прашањето за ревитализација на Договорот за соработка за евроинтеграција од 2012 година, како и можноста за организирање на првиот состанок на Мешовитиот комитет, предвиден со Договорот за соработка.
Маричиќ се сретна и со новиот германскиот специјален претставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, кој ја пренесе пораката дека нашиот партнер, Сојузна Република Германија, продолжува да ги поддржува земјите од Западен Балкан во напорите да станат членки на Европската Унија, што е особено важно за регионот во време кога се соочува со предизвици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

