Македонија
Маричиќ: Прашањето со Бугарија да се решава европски , а не со „кој е посилен“ или кој не е членка на ЕУ
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервјуто за грчки „То понтики“ рече дека имаме недвосмислен сигнал за проширување на ЕУ до 2030 година и дека мора да ја искористиме таа можност и да не дозволиме да се блокираме, чекајќи подобри времиња.
– Новата ера во односите меѓу Западен Балкан и Европската Унија е доказ за заемната посветеност на заедничката иднина. Тоа е поглавје дефинирано со верувањето дека со заедничка работа, можеме да изградиме попросперитетна, стабилна и обединета Европа. Западен Балкан не е само на прагот на ЕУ, туку е составен дел на визијата на ЕУ за силен и обединет континент.
Според Маричиќ комуницирањето на 2030 година како временска рамка е сериозна пресвртница во политиката за проширување на ЕУ и дека тоа е добар план, нагласувајќи дека на тој начин, нашата стратегија за брз влез во ЕУ добива уште поголема сила, и ни докажува дека чекањето не е стратегија.
– Ова е доволен сигнал дека работите во ЕУ се менуваат на подобро, поповолни за нас и мислам дека штом ќе ги завршиме нашите обврски, ќе се најдеме во групата на следните членки на ЕУ, додаде Маричиќ.
За односите на Западен Балкан со Европската Унија, Маричиќ рече дека постои нова ера во односите меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, посочувајќи дека политичката волја за членство во ЕУ, како и за проширување на ЕУ е клучна за обединување и понатамошен развој и затоа треба да се сфати многу сериозно.
– Потребна ни е временска рамка и јасен план и мислам дека 2030 година е реален датум за завршување на реформите и на ЕУ и на земјите кандидати кои се во процес. Во спротивно, ако остане како што ветија во Солун, тогаш ќе имаме големо разочарување, рече Маричиќ.
На неодамнешната средба со грчкиот премиер Мицотакис и со лидерите на Западен Балкан вицепремиерот Маричиќ изјави дека била реафирмирана заложбата за отворање на врата кон ЕУ за Западен Балкан и за нашиот успешен и решителен пристап да успееме на тој пат, бидејќи како што вели тој ова е стратегијата на која сите земји кандидати во регионот вредно работат подолго време.
– Стратегијата на ЕУ не само што е реална, туку е и суштинска за конечно решавање на геополитичката динамика во Европа и регионот, со оглед на настаните во изминатата година и половина. Сегашната атмосфера, диспозиција и намерите на европските претставници да ја забрзаат интеграцијата на Западен Балкан во Унијата претставуваат исклучителна можност за сите нас, истакнува Маричиќ.
На прашањето кои се следните чекори што треба Северна Македонија да ги преземи на европскиот пат, вицепремиерот Маричиќ рече дека во оваа фаза, целта е со вредна и одговорна работа во нашите сопствени граници, да ги исполниме критериумите и стандардите на ЕУ, но и да ги надминеме.
– Целосно сме посветени на оваа важна мисија. Примарниот фокус сега е да се создаде политички консензус меѓу сите засегнати страни. Ние разбираме дека надминувањето на предизвиците на овој пат бара единство и заедничка посветеност. Нашите политички лидери, без оглед на нивната припадност, имаат клучна улога во обликувањето на иднината кон која сите се стремиме, вели Маричиќ.
Тој нагласи дека прашањето со Бугарија мора да се решава низ дијалог заснован на европските вредности и принципи, а не врз основа на „кој е посилен“ или кој е член на Унијата, а кој не, укажувајќи дека постои подготвеност да разговараат за отворените прашања со Бугарија во текот на преговорите со ЕУ, но дека во никој случај не се подготвени да се откажат од македонскиот јазик и идентитет.
Понатаму, според Маричиќ мораме да се посветиме на навремено и ефикасно извршување на задачите што претстојат, како дел од евроинтегративниот процес, со што како што вели тој би ја покажале нашата вистинска намера да бидеме вредна членка на Европската Унија.
– На крајот на краиштата, нашата цел со пристапувањето во ЕУ е да ја подобриме благосостојбата на нашите граѓани, да промовираме економски раст и да ги зајакнеме нашите врски со нашите европски соседи. Ние сме целосно посветени на ова патување, а овие следни чекори се доказ за нашата одлучност и решителност. Заедно, градиме посветла и попросперитетна иднина за Северна Македонија во рамките на Европската Унија, рече Маричиќ.
За односите на двете земји пет години после Договорот од Преспа, Маричиќ рече дека Грција и Северна Македонија имаат нова фаза на соработка и помирување, која се карактеризира со целосна трансформација во нивните односи, пријателство, доверба и заедничка посветеност на заеднички напредок.
-Наместо недоверба и конфронтации Договорот од Преспа ни помогна во градењето мостови и зајакнување на врските. Договорот од Преспа, кој го реши долгогодишниот спор за името, делуваше како врска меѓу Северна Македонија и Грција. Тоа не само што го расчисти патот за членство на Северна Македонија во НАТО и ЕУ, туку и поттикна атмосфера на добра волја и соработка, нагласи Маричиќ.
Во таа насока рече дека Договорот од Преспа се гледа како модел за успешна дипломатија и инспирација за решавање на билатералните прашања во регионот и пошироко, но и како поттикнувач за интеракција меѓу двете држави и народи.
По Преспа имаме широко отворени врати за културна размена и интеракции меѓу луѓето. Тоа го поттикна туризмот, при што граѓаните од двете нации го истражуваат богатото културно наследство и природните убавини. Оваа културна размена го продлабочи разбирањето и пријателствата. Заедничките вложувања создаваат можности за работа и поттикнуваат економски раст од двете страни на границата, заклучи Маричиќ во изјавата за грчкиот медиум „То понтики“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026.
-Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, соопшти МОН.
Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на линкот https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-subvencioniran-studentski-obrok-za-akademskata-20252026-godina
-За поддршка при аплицирањето, контактирајте преку е-пошта: [email protected] Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, информира Министерството за образование и наука.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево
Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево се укинува од 14.30 часот, соопшти ЈП „Македонијапат“. Забраната беше воведена денеска од 9.40 часот во двата правца на патот поради врнежи од снег.
Забрана за сообрачај на камиони и автобуси од 9.20 часот е воведена за камиони и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка и од 5.45 часот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Како што информира ЈП „Македонијапат“, врнежи од снег има во Крушево, на Попова Шапка и во Маврово и на планинските превои Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.
Македонија
Премиерот се пожали дека ССМ не сакале да потпишат колективен договор со кој платата на администрацијата ќе се зголеми за 40 проценти
ССМ не сакаше да го потпише колективниот договор со кој платата на администрацијата ќе се зголеми за 40 проценти во период од четири години, односно до април 2028 година, под услов во колективниот договор да се избрише делот кај што стојат платите и во тој период да репреговараат. Тоа го повтори денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по настанот на Економскиот факултет при УКИМ организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмус+“ истакнувајќи дека ССМ не сакал да се откаже од општиот колективен договор што претходно го потпишал, а чија важност престанала.
Тој појасни дека ако просечната плата е 30.000 денари, сега во април за мартовската плата ќе имало нивелирање за минималната плата, која ќе се зголеми.
– Да претпоставиме дека таа ќе се зголеми за 1.500 денари. Тогаш овие 30.000 денари плус 1.500 денари зголемени за 8 проценти ќе дадат збир X парички. В година, април 2027, тие X парички повторно ќе се зголемат за минималната плата, да претпоставиме дека ќе биде повторно 1.500 денари. Тој збир X плус тие 1.500 денари ќе се зголемат за нови 8 проценти и ќе добиеме У парички. Третата година, 2028, во април овие У парички повторно ќе се зголемат за минималната плата од 1.500 денари и сето тоа ќе се зголеми повторно за 8 проценти и ќе добиеме Z парички. Овие Z парички ќе бидат за минимум 40 проценти повеќе од 30.000 денари – рече Мицкоски.
Го повтори условот за потпишување на овој договор, а тоа, според него, е во колективниот општ договор, делот кај што стојат платите, да се избришат и во периодот од три години да го репреговараат.
– Доволен период имаме од три години да постигнеме договор. А во меѓувреме, имаме колективен договор, имаме 95 отсто од вработените што се дел од одговорностите на Владата, која е работодавач и со тоа Владата со своите вработени си ги регулирала односите до 2028 година. И со тоа ние сме завршиле. Значи, остануваат сега уште овие 7.787 вработени од вкупната државна администрација – истакна Мицкоски.
Тоа, додаде, ССМ не сакал да го потпише.
– Велеа вака, „како сега ние ќе се откажеме од општиот колективен договор во тој дел кога ние сме го подпишеле со Тренчевска“. Јас велам, вие не се откажувате. Важењето на општиот колективен договор е престанато. Во завршните и во преодните одредби стои дека „тој останува во важност до носење друг“. А ние, ако го избришеме делот на платите, кој е дел од општиот колективен договор и е збунувачки, може да се толкува вака и така, ќе се повикаме на овој нов грански договор, што ќе го потпишеме со гранските синдикати за државната администрација – рече Мицкоски.
Според него, периодот од три години е доволен да преговараат за тој дел од општиот колективен договор.
– И во рок од тие три години ќе преговараме дел, што ќе биде повторно дел од општиот колективен договор. И тие тоа не го прифаќаат. Како, велат, ние сега сме го подпишале тој договор, како сега ние самите себе ќе си се бришаме. Тоа не е мој проблем. Јас нудам решение. Ако ние не сме доволно зрели како општество за помалку од три години да не потпишеме, тогаш не сме зрели ни за држава. Ама јас мислам дека сме зрели – истакна премиерот.
ССМ денеска ја повика Владата в понеделник да го потпишат колективниот договор, со кој, како што велат, ги зголемува платите на вработените за 40 проценти и наместо во 2028 година, да почне од февруари 2026 година. За следната недела најавија блокади, а останува и одлуката за генерален штрајк доколку не се зголемат платите.

