Македонија
Маричиќ: СДСМ е единствената партија што државата ја носи во друштво со најмоќните
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“, што се одржа во село Колешино, општина Ново Село, рече дека СДСМ е синоним за стабилност, безбедност, просперитет и економски развој на државата, единствената партија што државата ја носи во друштво со најмоќните и високоразвиени европски земји.
„И секогаш сме избирале пат што води напред, кој носи добро за граѓаните и државата. Граѓаните секогаш биле појдовна точка во креирањето на нашите политики. Од земја изолирана, раскарана со соседите, со лоши забелешки во извештаите на Европската комисија за напредокот на земјата, денес членка на НАТО и земја што преговара со Европската Унија“, рече Маричиќ.
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Маричиќ, пред жителите на Колешино рече дека денес сме земја што има европски партнери и пријатели, земја што за ЕУ е кредибилен партнер и сојузник и земја што успеа да ги отвори преговорите, со заштитен идентитет и јазик, засекогаш признаени и потврдени во ЕУ, потенцирајќи дека европските вредности, државнички одлуки и вистински патриотизам се одлики, единствено, на СДСМ.
Маричиќ направи споредба со дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ истакнувајќи дека со дела се сака државата и народот, а не со сеење страв, ширење лаги, тензии, насилни протести и играње со чувствата на граѓаните за ситни политички поени, лични интереси и желба за власт, како што ВМРО-ДПМНЕ дејствува.
На средбата со жителите од општина Ново Село, секретарот за меѓународна соработка, Маричиќ, наброја некои од мерките што Владата ги донесе за намалување на последиците од светската економска криза уверувајќи ги дека СДСМ е со нив во време на енергетска и економска криза.
„Во време на енергетска криза донесовме кризни мерки за над 36 илјади социјално ранливи категории граѓани. На над 60 илјади пензионери со пензија до 11.000 денари во текот на 4 месеци (од ноември до фебруари 2023 година) им се доделуваат субвенции од 1.500,00 денари месечно, а на над 65 илјади пензионери со пензии до 14.000,00 им следува помош од 750,00 денари месечно“, рече Маричиќ на граѓанската трибина на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница.
Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од Минхен.
Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.
Македонија
Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
-Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти полицијата.
Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
СДСМ: Две недели без одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, бараме одговорност од Мицкоски
СДСМ обвинува дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што велат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со транспорт на пет тони дрога преку државната граница.
Од партијата посочуваат дека молчат премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе функционери, оценувајќи дека тоа отвора сомнежи за одговорност на власта.
„Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата“, се наведува во соопштението.
СДСМ реагира и на изјавите дека биле запленети 100 тони марихуана, оценувајќи дека доколку постоело толкаво производство, тоа претставува сериозен пропуст на институциите.
Според нив, за такво количество би била потребна површина од над 30 хектари, поради што прашуваат дали биле извршени контроли од надлежните служби, вклучително и полицијата, инспекторатите и безбедносните агенции.
Партијата дополнително прашува како пет тони дрога биле транспортирани со товарни возила покрај системите за надзор, камерите и граничните контроли.

