Македонија
Маричиќ: Секој проект за поддршка на европските реформи е чекор напред кон Европската Унија
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денес присуствуваше на отворање работилница во рамките на проектот „Знаење за реформските активности за Западен Балкан“, кој е финансиран од страна на Кралството Норвешка, а ќе го спроведува регионалната канцеларија на УНОПС и Секретаријатот за европски прашања.
На отворањето на работилницата вицепремиерот Маричиќ изрази благодарност за досегашната поддршка од УНОПС за спроведените проекти, посочувајќи дека позитивното искуство и нивото на флексибилноста на финансиската поддршка ќе овозможат многу брзо да бидат идентификувани и договорени потребите на институциите за 2022 година, а тоа од друга страна ќе придонесе за забрзување на динамиката на европските реформи.
„Придобивка од ваквата методологија е можноста да се ангажираат национални, регионални и експерти од земјите членки кои работејќи директно со нашата администрација го пренесуваат своето знаење, добрите практики и искуство, а со тоа ние ги јакнеме нашите капацитети и градиме вештини и компетенции во пресрет на отпочнување и успешно водење на пристапните преговори“, истакна вицепремиерот Маричиќ.
Директорката на канцеларијата на УНОПС во Виена, Грот, изрази задоволство од посветеноста на Северна Македонија во унапредувањето на реформите во ЕУ како клучни приоритети за земјата.
„УНОПС ќе ги поддржи напорите на земјите кои тесно соработуваат со ЕУ и другите партнери на терен за да се овозможи размена на експертиза и знаење, како и научените лекции за промовирање на реформските активности низ Западен Балкан“, рече Грот, додавајќи дека денешната работилница е плоден и конструктивен пат напред кон приоритизирање на потребите на земјата во согласност со ревидираната методологија за проширување на ЕУ и правото на ЕУ, вклучително и дополнително зајакнување на планирањето и координацијата на политиките.
Пред почетокот на настанот, вицепремиерот Маричиќ имаше средба со директорката на канцеларијата на УНОПС во Австрија, Фреја Фон Грот, каде разговараа за понатамошните приоритети и активности кои ќе се финансираат преку УНОПС. Маричиќ и Грот се согласија дека е неопходно да се обезбеди комплементарност на донаторската помош, проектите да се добро дефинирани и таргетирани и воедно насочени кон спроведување на европската реформска агенда во земјава.
На настанот свои обраќања имаа и Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија и Јохансен, заменик-шеф на Мисијата на Норвешка. Овој проект се спроведува во рамки на 5-годишна регионална програма за европска интеграција на Западен Балкан иницирана од Норвешкото министерство за надворешни работи што ја спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) и Канцеларијата за повеќе земји во Австрија (AUMCO). Целта на програмата е да ги поддржи владините институции во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, преку размена на експертиза и знаење, како и научените лекции за промовирање на реформските активности низ Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.
Македонија
Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози
Поради врнежи од снег се уште е во сила забраната за тешки товарни возила и автобуси воведена од 9:20 часот утрово на патниот правец крак Шипковица-Попова Шапка, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на остаматите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Стража и Ѓавато и на патниот правец Берово-Струмица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026.
-Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, соопшти МОН.
Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на линкот https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-subvencioniran-studentski-obrok-za-akademskata-20252026-godina
-За поддршка при аплицирањето, контактирајте преку е-пошта: [email protected] Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, информира Министерството за образование и наука.

