Македонија
Маричиќ: Се надевам дека Франција ќе ја промени динамиката за приближување кон ЕУ
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денес со видеообраќање учествуваше на амбасадорската тркалезна маса насловена „Пристапувањето на Западен Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – одржливост на македонскиот надворешнополитички курс“, во кое даде свое видување за евроинтеграцискиот пат на нашата земја и потенцираше на важноста и улогата на Секретаријатот за европски прашања во рамки на пристапниот процес на земјава во Унијата.
Во видео изјавата Маричиќ кажа дека Северна Македонија бележи значаен напредок во спроведувањето на реформите и тоа во последните пет години, што е нотирано и во извештаите на ЕУ за напредокот на земјата, при што изрази очекување дека во претстојниот период на француското претседавање дека прашањето на европската перспектива на Западниот Балкан ќе остане меѓу приоритетите, но овој пат и со реален исход: почеток на преговорите со Северна Македонија и секако со Албанија.
„Важно е за нас одлуката за отпочнување на преговорите да биде донесена што поскоро, зашто резултатот од одлуката ќе има позитивно влијание врз политичките процеси, ќе значи дополнителен поттик за реформската агенда, резултатите и генерално врз оптимизмот во општеството и на граѓаните, кои секако дека легитимно покажуваат сомнеж во остварливоста на нашата цел, членство во Унијата зашто долго време сме затворени во чекалната. Затоа сме уверени дека што поскоро почнат преговорите, тоа ќе биде подобро и за нас и за ЕУ“, рече Маричиќ.
Вицепремиерот во своето обраќање пред претседателот Пендаровски и амбасадорите ги претстави и приоритетите на кои ќе се фокусира во претстојниот период. Тој посочи дека ќе се заложи лично за спроведување на агендата Европа дома и поширокиот аспект на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) и на тој начин ќе се исцртува траекторијата за нашето членство во ЕУ.
„Ќе сторам сè за целосна апсорпција на сите европски средства кои ни се алоцирани, како и за имплементација на сите билатерални договори за помош кои земјата ги има на располагање, ќе продолжиме со јакнењето на ИПА-структурата затоа што ја разбираме важноста на секоја помош од Унијата, но и важно ни е добрите кадри да останат во институцијата и токму таа ИПА-структура да биде доволно мотивирана, да не оди во приватниот или консултантскиот сектор, но да остане во државните институции и да ни помогне да имаме подобра искористеност и подобри резултати во спроведувањето на помошта од Европската Унија“, рече Маричиќ.
Тој најави и консолидација на ЕУ координативниот механизам и формирање на преговарачките структури во краток рок за да се обезбеди фокус на спроведувањето и организација на институциите согласно процесот на преговарање, за на тој начин да се изврши и позитивен „притисок“ врз институциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница.
Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од Минхен.
Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.
Македонија
Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
-Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти полицијата.
Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
СДСМ: Две недели без одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, бараме одговорност од Мицкоски
СДСМ обвинува дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што велат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со транспорт на пет тони дрога преку државната граница.
Од партијата посочуваат дека молчат премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе функционери, оценувајќи дека тоа отвора сомнежи за одговорност на власта.
„Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата“, се наведува во соопштението.
СДСМ реагира и на изјавите дека биле запленети 100 тони марихуана, оценувајќи дека доколку постоело толкаво производство, тоа претставува сериозен пропуст на институциите.
Според нив, за такво количество би била потребна површина од над 30 хектари, поради што прашуваат дали биле извршени контроли од надлежните служби, вклучително и полицијата, инспекторатите и безбедносните агенции.
Партијата дополнително прашува како пет тони дрога биле транспортирани со товарни возила покрај системите за надзор, камерите и граничните контроли.

