Македонија
Маричиќ: Се’ повеќе сме поврзани со ЕУ и со регионот, паѓаат трошоците за телекомуникациските услуги
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, организираше состанок каде што се дискутираше за роаминг тарифите помеѓу земјите од Западен Балкан и со Европската Унија, како придобивка од Берлинскиот процес, како и бесплатна безжична интернет мрежа на јавни простори во Западен Балкан, како иницијатива на Европската Комисија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан.
На состанокот присуствуваа раководните лица на Министерството за информатичко општество и администрација, Македонски телеком, А1 Македонија, Агенција за електронски комуникации, Јавно претпријатие Национална радиодифузија и Националната канцеларија за бродбенд компетентност.
По средбата, Маричиќ во изјавата рече дека најважната порака од средбата со претставниците на телеком операторите во државата е дека паѓаат трошоците за граѓаните за телекомуникациските услуги и дека нашите граѓани и граѓаните од регионот сега се повеќе поврзани со ЕУ.
Најважната порака од средбата со претставниците на телеком операторите во нашата земја е дека паѓаат трошоците за граѓаните за телекомуникациските услуги и дека нашите граѓани и граѓаните од регионот сега се повеќе поврзани со ЕУ.
„Најважната порака од средбата со претставниците на телеком операторите во нашата земја е дека паѓаат трошоците за граѓаните за телекомуникациските услуги и дека нашите граѓани и граѓаните од регионот сега се повеќе поврзани со ЕУ.
Овие придобивки, за кои секако свој придонес дадоа е телекомуникациските оператори, е резултат на Берлинскиот процес и на мерките што произлегуваат од Планот за раст на Западен Балкан.
Со Декларацијата потпишана на Самитот на ЕУ – Западен Балкан во Тирана во декември 2022 година, започна процесот на намалување на цените на роамингот во регионот и кон Европа.
Имплементацијата на Декларацијата за роаминг дава ветувачка слика. Операторите од Западен Балкан не само што ја исполнија ценовната граница за 2023 година, туку ги надминаа очекувањата. Сега тие нудат пакети под прагот на цените од планираното за 2026 година, што сигнализира значителен напредок.
Уште повеќе, во Северна Македонија се отворија можности за дополнително усогласување на цените согласно со локалните стандарди за поголема достапност и пристапност за потрошувачите
Со поттикнување на континуиран дијалог и соработка, можеме колективно да се справиме со сите нови предизвици и да ги искористиме можностите за понатамошно подобрување и испорачување резултати на граѓаните.
Како резултат на Планот за раст и на новата Методологија за пристапни преговори, на последниот самит на ЕУ со лидерите од Западен Балкан, една од придобивките е Ви-Фи зони за Западен Балкан, односно формирање на безжична интернет мрежа на јавни простори за Западен Балкан.
Преведено во поконкретни придобивки, безжична интернет мрежа на јавни простори за Западен Балкан значи зголемување на распоредувањето на пристапот до интернет во јавните згради и урбаните јавни простори и во руралните области во регионот.
Тоа е мерка за поттик на локалните заедници во регионот да ја доближат поврзаноста до граѓаните, овозможувајќи им придобивки од бескрајните можности на дигитализацијата, како конкретен чекор кон Заедничкиот дигитален пазар.
За реализација на оваа мерка Владата веќе ја усвои препораката за имплементација на јавни Ви-Фи точки во консултација со ЗЕЛС и локалните самоуправи.
Тоа се чекори кои не трпат одложување на нашиот пат кон ЕУ, од кој, како што гледате, нема откажување, туку само одржување на континуитетот“, изјави Маричиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради јазични бариери одложено продолжението на конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, кажа Филков
Поради технички причини денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство беше одложена за следната недела. Министерот за правда Игор Филков изјави дека членовите на работната група не се впуштиле во материјална расправа затоа што прво треба да се утврди дневниот ред.
,,Иако денес требаше да биде одржана првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборно законодавство на која требаше да се избере претседател, како и да се донесе предлог-деловник за утврдување на методологијата и динамиката на работење, сепак тоа не се случи поради одредени јазични бариери. Од дел од присутните претставници на политичките партии беше побарано материјалите да бидат преведени за полесно да можат да се разберат’’, рече Филков.
Филков се надева дека следната недела членовите ќе се усогласат за термин , ќе се избере претседател на работната група и ќе се отпочне со работа каде што сите ќе имаат можност да ги дадат своите предлози и сугестии за реформите во изборното законодавство.
Македонија
Сиљановска-Давкова-Грлиќ Радман: потврдена подготвеноста на Хрватска да придонесе кон забрзување на македонскиот евроинтеграциски процес
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, кој престојува во официјална посета на земјава.
Обајцата го потврдија цврстото македонско-хрватско пријателство коешто двете земји го негуваат повеќе од 3 децении, втемелено на взаемна почит и разбирање и реализирано низ политички дијалог и конструктивна соработка.
Претседателката искажа искрена благодарност за хрватското отворено и континуирано разбирање и поддршка на македонската интеграција, како и на принципиелниот став на Хрватска дека проширувањето на Унијата со Западен Балкан треба да се темели на реални заслуги, без билатерализација и вето.
Министерот Радман ја потврди подготвеноста на неговата држава да придонесе кон забрзување на македонскиот евроинтеграциски процес во рамките на Копенхашките критериуми, потенцирајќи дека македонската држава доби статус на кандидат за членство во ЕУ во март 2005 година, односно неколку месеци пред Хрватска.
Соговорниците очекуваат дека партнерството дополнително ќе се зајакне со Договорот за стратешка соработка со Владата на Република Хрватска, како и со претстојната официјална посета на Претседателката Сиљановска-Давкова на пријателска Хрватска, кон крајот на март.
Македонија
Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции
Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(18) од село Палатица.
Тој се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни институции во Тетово дека во институциите има поставено експлозивни направи.
Полицијата соопшти дека по преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека сите дојави за поставени бомби биле лажни.
Денеска, со сдуска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во селото, при што биле одземени повеќе електронски уреди.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

