Македонија
Маричиќ со Штер и Шуц: Интеграцијата на Македонија и на земјите од Западен Балкан во ЕУ е клучна во овие нестабилни времиња
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денес одржа онлајн-состанок со директорките во германското Министерство за надворешни работи за Западен Балкан и за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, Забине Штер и Сузане Шуц.
„Позитивните сигнали и поддршката што ги добиваме од Република Германија исклучително ни значат и се силна потврда за посветеноста на Германија за интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, но и признание дека како земја направивме многу, реализиравме сериозни европски реформи и остануваме посветени на евроинтегративниот пат на земјата“, истакна Маричиќ.
На средбата беше поздравен напредокот во преговорите помеѓу Северна Македонија и Бугарија и беше изразено очекување дека двете земји се на добар пат да ги затворат отворените прашања во разумен рок и побргу да биде отстрането ветото за нашата земја.
Директорките во германското Министерство за надворешни работи за Западен Балкан и за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, Забине Штер и Сузане Шуц, се согласија дека земјите од Западен Балкан се значаен дел од Европа и нивното заостанување е заостанување за самата Унија.
Според нив, интеграцијата на Северна Македонија и општо на земјите од Западен Балкан во ЕУ во овие времиња на нестабилност, предизвикана од воениот конфликт во Украина, е клучна за воспоставувањето стабилност и мир во регионот.
Вицепремиерот Маричиќ ги информира дека Секретаријатот за европски прашања веќе работи на ревидирање и ажурирање на реформскиот план, кој ќе се однесува на приоритетните препораки од извештајот на ЕК за земјата, како и на целосно подготвање на државната администрација за процесот на пристапни преговори, со цел полесно да одговори на бараната нова методологија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

