Македонија
Марли може да го изгуби едното око – му треба помош и сопственик кој би го згрижил

Кучето Марли кое го удри камион заздравува, но може да го загуби едното око, објави здружението „Анима мунди“ на нивната фан-страница на „Фесјбук“. Оттаму напишаа дека човек од околната продавница го преместил Марли од улицата и повикал помош.
„Не знам да се снајдам на улица зашто некогаш имав дом, еве ако не ми верувате носам доказ на себе – зелен околувратник“, напишаа од „Анима мунди“ во име напуштеното куче.
„Сега се чувствувам подобро, имам неколку дупки во главата ама наслушнав од добрите луѓе околу мене што ме боцкаат дека можеби ќе го изгубам едното око. Исто така разбрав дека многу луѓе се грижат за мене, дека се молат за мене и донираат А јас мислев дека никогаш нема да биде некој добар со мене откако мојот најдобар пријател ме остави да скитам по улициве“, напишаа од здружението во име на кучето.
Оттаму додаваат дека Марли со вакви повреди не може да остане на улица и итно му треба и помош и згрижување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од селото Света Петка (општина Сопиште);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од селото Маркова Сушица (општина Студеничани);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од улиците 100,21,23,83 (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.