Македонија
„Марш за нашите животи“ денеска во Скопје

Драгана Велковска, активистка за заштита на животни и животна средина и советничка во Советот на Град Скопје, ги повика граѓаните да излезат на „Маршот за нашите животи“, кој ќе почне во 17 часот пред Министерството за животна средина и просторно планирање, а во 18 часот ќе продолжи пред Владата.
„Поднесов предлог-буџетски ставки за буџетот на Град Скопје за 2020 година до кабинетот на градоначалникот, но, за жал, ниту еден од моите предлози кои се производ од консултација со граѓани на овој град и наша насушна потреба не го најдоа своето место во предлог-буџетот на Град Скопје за 2020 година кој ќе се усвојува на седницата на Советот
на Град Скопје на 23 декември (понеделник).
Она што е јасно од овие (нешто повеќе од) две години мандат на актуелната локална власт е дека не е на ниво на задачата и не е кадарна да обезбеди услови за живот со кои ќе се гарантира благосостојбата на скопјани. На овој град му се неопходни луѓе на клучни позиции кои на прво место го ставаат јавниот интерес, не бизнис-интересите и/или партиските интереси. Недозволиво е ставовите на политичарите да зависат од фотелјите кои им се платени со пари од граѓаните“, вели таа во повикот и додава:
„Да бидеме истрајни во своите барања! Да се избориме за она што е наше.Да не дозволиме повторно да бидеме жртви на партија за која нашите животи се безвредни.Правото на здрава животна средина ни е уставно загарантирано право.Секој од нас има моќ да менува, да ја искористиме таа моќ“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МОН објави јавни повици за кариерен развој на наставниците и стручните соработници

Министерството за образование и наука објави два јавни повици за кариерен развој на наставниците и стручните соработници во основните и во средните училишта.
За прв пат наставниците-ментори во основните училишта можат да напредуваат во наставници-советници, а за наставниците во средните училишта се воведува можност да стекнат звање наставник-ментор. Кариерен развој за прв пат ќе имаат и стручните соработници во основните и средните училишта. Продолжува и процесот на унапредување на наставниците од основното образование во наставници-ментори.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека кариерниот развој не е важен само за наставниците, туку директно влијае на квалитетот на воспитно-образовниот процес.
„Го деблокираме процесот на кариерен развој. Сакаме наставниците да вложуваат во квалитетно образование на младите, затоа како Влада и Министерство отвораме можности тие да напредуваат преку валоризирање на трудот, искуството и резултатите. Младите наставници треба да имаат поддршка од поискусните колеги-ментори а нам, како креатори на политики, значаен ни е придонесот на наставниците-советници“, објасни Јаневска и ги повика наставниците да се вклучат во процесот на кариерен развој.
Во двата јавни повика, објавени на веб-страната на Министерството за образование и наука, наведени се бројот на наставници и стручни соработници кои може да се стекнат со звања, по општина и училишта. Барањата за напредување во звања, наставниците и стручните соработници можат да ги достават најдоцна до 23.9.2025 година.
Македонија
ДУИ со повик до партиите да го поддржат законот за ветинг

ДУИ упати повик до сите политички партии да го поддржат предлог-законот на ДУИ за ветинг.
Според партијата, процесот на ветинг е неопходен и клучен за да се изгради довербата на граѓаните во правдата, институциите и државата.
„Нашиот став е јасен и непроменлив: им упатуваме повик на сите парламентарни политички партии да го поддржат предлог-законот на ДУИ за ветинг со меѓународен надзор, еден сеопфатен и бескомпромисен процес што ќе ја врати довербата на граѓаните во правосудството и институциите, го повторуваме нашиот одамнешен став за истрага против сите политички партии, без исклучок, за периодот од изминатите 33 години, бараме проверка и контрола на потеклото на имотот на сите носители на јавни функции во последните 33 години: министри, пратеници, градоначалници, директори, судии, обвинители – сите, без исклучок; ја потенцираме потребата од длабoка истрага на процесот на приватизација, кој во многу случаи служеше како основа за создавање на недопирливи олигарси. Ова темно поглавје не смее да остане нерасчистено. Правдата не се мери со изјави, туку со конкретни одлуки, бараме исто така истрага за дејствувањето на безбедносните служби на државата, како и за функционерите кои биле дел од тие служби од 1945 година наваму: ОЗНА, УДБ-а, СДБ, ДБК, УБК, АНБ“, изјави потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.
Според него, ова не е само политички проект, ниту пак стара заложба на ДУИ, туку услов за правда и за поправедна иднина за сите граѓани.
Македонија
Отворена нова градинка „Верверичка“ во Кисела Вода

Во населбата 11 Октомври Згради во општина Кисела Вода денеска беше отворена новата градинка „Верверичка“, како дел од ЈДГ „Весели Цветови“.
Градинката е изградена во финансиско партнерство помеѓу Општина Кисела Вода и Комерцијална банка, која со донација од 6 милиони придонесе за реализација на овој проект, вреден над 14 милиони денари.
Новата градинка се простира на површина од 525 м², располага со 6 занимални, 4 воспитни групи и јасли, и овозможува згрижување на 125 деца. Оваа инвестиција директно ја решава проблематиката со недостиг на места во градинките.
Со отворањето на денешниот објект, изградбата на уште две градинки кои се во тек, претходно отворените две градинки и петте градинки кои беа доградени, во моментот во Кисела Вода, за прием чекаат само 20-тина дечиња, велат од Општина Кисела Вода.