Македонија
Мас: Германија ќе го поддржи патот на Северна Македонија кон ЕУ
Германија ќе даде свој придонес за продолжување на патот на Северна Македонија кон ЕУ, објави денеска германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, пред да замине за Скопје.
„Северна Македонија припаѓа цврсто на Европа. Ние сакаме ЕУ да го одржи својот збор кон Северна Македонија и Албанија. Земјата постигна историски договор со Грција. Германија ќе придонесе за продолжување на овој пат. Не станува збор само за кредибилитетот на ЕУ, туку и за нашиот стратешки интерес за стабилен и безбеден регион во срцето на Европа“, се вели во неговото соопштение, а пренесува агенцијата „Танјуг“.
Мас вели дека заедничка цел е да се почнат преговори што е можно побргу.
„Ова ќе го разговарам денес со мојот колега од Северна Македонија, Никола Димитров. Со нетрпение очекувам да разговарам и со премиерот Заев и претседателот Стево Пендаровски. Сега е важно да се пристапи кон очекувањата и надежите на граѓаните на Северна Македонија“, истакна тој.
Мас додаде дека патот кон реформите и владеењето на правото мора доследно да продолжи и дека Германија е подготвена да ја поддржи Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родители на деца со попреченост утре ќе протестираат пред Собранието
Група родители на лица со попреченост утре во 11:55 часот пред Собранието ќе одржат мирен протест под мотото „Стоп за дискриминација и насилство врз лица со попреченост на работно место“.
Причина за протестот е регистриран случај на дискриминација, психичко и физичко насилство врз лице со Даунов синдром, вработено во јавна установа под надлежност на Град Скопје.
Родителите бараат од надлежните институции итна реакција, дисциплинска и кривична одговорност за сторителите, како и системски мерки за заштита на лицата со инвалидност во јавниот сектор.
„Настанот има за цел да ја потсети јавноста и институциите на обврските произлезени од Законот за вработување на инвалидни лица, со акцент на достоинствен третман, поддршка и инклузија“, велат родителите.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)

