Македонија
Мас: Скопје и Тирана да продолжат со реформите на патот кон ЕУ

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, ја поздрави одлуката на Бундестагот за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ.
Мас рече дека одлуката го подвлекува значењето кое Западниот Балкан го има за ЕУ, а истовремено јасно се става до знаење дека реформите се ценат, пренесе „Дојче веле“.
„Обете земји мораат да ги продолжат реформските напори, за да го продолжат патот кон ЕУ. Јас сум убеден дека условениот пристап на Бундестагот ќе убеди и други во ЕУ да го одобрат почетокот на преговорите“, изјави германскиот министер за надворешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од селото Света Петка (општина Сопиште);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од селото Маркова Сушица (општина Студеничани);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од улиците 100,21,23,83 (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.