Македонија
МВР: Времениот сообраќаен режим за тешките товарни возила кон Охрид ќе трае до 1 септември

Од 1 јули почна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период кој ќе трае до 1 септември на магистралниот пат А2, делница: Скопје-Охрид-Скопје, а со кој се забранува движење на тешки товарни возила чијашто вкупна маса преминува 7,5 тони.
Времената забрана се однесува на викендите и важи од 15 до 22 часот во петок , сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот, а недела од 7 до 22 часот.
МВР соопшти дека времената забрана е со цел одбегнување на застој во сообраќајот односно овозможување на побрз проток на возила на магистралниот пат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.