Македонија
МВР: Големиот број полициски службеници во Кочани е поради службени активности, а не за попречување на протестите

Министерството за внатрешни работи со известување до граѓаните дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територијата на целата држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда.
Зголемениот број полициски службеници е поради извршување службени активности и обезбедување документација од Општината, а не за попречување на граѓаните во нивното загарантирано со Устав право на собирање и одржување протест, велат од МВР.
Апелираат до граѓаните сите собирања и протести да се одржат во мирна атмосфера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фотогалерија) Скопје плаче: илјадници граѓани оддадоа почит за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани

Илјадници граѓани на Скопје излегоа за да изразат сочувство и почит за смртта на младите луѓе кои трагично го загубија животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а преку транспарентите кои ги држеа во рацете, упатија и пораки против корупцијата.
„Лесно запалива држава“; Немаше да има крв ако се е по закон“; „Нивниот единствен грев е што беа родени во коруптивен систем“, гласеа дел од пораките.
Собирот почна со 16 минутен молк за трагедијата што се случи на 16 март, а продолжи без обраќања, додека присутните оставаа цвеќиња и свеќи кај фонтаната на градскиот плоштад.
Тишината во главниот град никогаш не била погласна.
Според последните информации, во пожарот животот го загубија 59 млади луѓе, меѓу кои и седум членови на групата ДНК и полицаец кој бил на должност. Повредени се 196 лица од кои 20 деца. Дел од нив се лекуваат во државата, а дел се хоспитализирани во странство.
Македонија
Забрана за летање дронови во Кочани и Штип

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на дронови дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со нив на територијата на градовите Кочани и Штип.
„Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја“, велат од МВР.
Оперирањето со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство.
Се апелира до граѓаните во овие денови на неизмерна тага и болка во рамки на загарантираното со Устав право на собирање и одржување на протест, истите да се одржат во мирна атмосфера, да се почитуваат веќе донесените одлуки од страна на државните институции и да се почитуваат наредбите и насоките од страна на полициските службеници, во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани во државата.
Македонија
Со 16 минути молк почна собирот во Скопје за настраданите во пожарот во Кочани

Со 16 минути молк, солзи во очите, наведнати глави и огромна тага почна собирот во Скопје, по трагедијата со настраданите во пожарот во Кочани.
Молкот од 16 минути, симболично го означи 16 март – датум кој со црни букви ќе остане врежан во колективната меморија, кога се случи пожарот кој однесе 59 животи, а со поврди се здобија 190 луѓе од кои 20 деца.
Собраните носеа транспаренти на кои пишуваше „Не сте сами“, „Лесно запалива држава“, „Немаше да има крв ако се е по закон“.
Повик за собирот вчера упатија од здружението „Кој е следен?“, апелирајќи собраните да носат црни ленти, а протестот да не се одржува по улиците каде поминуваат возила кои ги пренесуваат повредените пациенти.