Македонија
МВР го расчисти случајот со авотмобилот што изгоре во Ново Лисиче
Истрагата на МВР за инцидентот, во кој автомобил целосно изгоре во Ново Лисиче, покажала дека се работи за несреќен случај, односно дека никој не го запалил намерно. Од снимки од безбедносна камера во околината на паркингот, се гледало дека најпрво почнала да гори внатрешноста на возилото, а откако сопственикот се обидел да го изгасне пожарот и ја отворил вратата, пожарот се проширил и на околните возила. По насоки на Јавен обвинител настанот е расчистен и квалификуван како „пожар“.
„ Од преземените мерки и активности со цел откривање на причините за пожарот, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, преку извршени разговори и преглед на записи од безбедносна камера, констатирано е дека околу 9:20 часот, внатрешноста на возилото ‘сеат алтеа’ се самозапалува, при што огнот почнува да се шири, а по кусо време, сопственикот на возилото се обидува да го изгасне, но при отворање на една од вратите, пламенот многу брзо се шири и ја зафаќа внатрешноста на возилото и другите две возила“, велат од МВР.
Инаку, пожарот се случи пред четири дена, во близина на последната автобуска станица на 5-ка, на булеварот АСНОМ.
По настанот, ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение прашуваше дали Вице Заев, брат на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е нарачател на палењето на возилото во Скопје. Вице Заев ги демантираше обвинувањата и ја повика ВМРО-ДПМНЕ ако има докази да ги даде на институциите, по што наведе дека ќе бара судска разрешница за обвинувањата.
Обвинувањата дека палењето на автомобилот има политичка позадина ги демантираше и сопственикот na возилото, кој јавно на социјалните мрежи посочи дека се работело за несреќен случај и побара од политичките партии во такви случаеви да помогнат, а не да ги користат туѓите несреќи за политички препукувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

