Македонија
МВР и Фронтекс потпишаа Меморандум за разбирање
Министерството за внатрешни работи потпиша Меморандум за разбирање со Фронтекс.
Вчера во седиштето на Фронтекс во Варшава, Полска, висока делегација од Министерството за внатрешни работи, составена од шефот на кабинетот на министерот Ристо Ставревски и државниот советник во кабинетот на министерот Владимир Велковски, во име на министерот Панче Тошковски, присуствуваше на официјална церемонија на Потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Македонија и Фронтекс (Европската агенција за гранична и крајбрежна стража).
Меморандум за разбирање потпишаа и останатите партнери и тоа Црна Гора и Република Србија.
„Со потпишувањето на овој Меморандум за разбирање се потврдува добрата волја за продлабочување на воспоставената соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Фронтекс. Целта и опсегот на овој Меморандум за разбирање е да се обезбеди соработка помеѓу двата постоечки механизми за жалби во рамките на нивните надлежности за размена на информации поврзани со наводите за повреда на основните права за време на сите оперативни активности на Фронтекс на територијата на Македонија“, соопшти МВР.
Воедно на настанот беше одржан состанок на шефовите на гранични полиции, на кој учествуваа претставници на Одделот за гранични работи и миграции на МВР, каде се разгледуваа оперативните одговори на актуелните безбедносни предизвици на границите. Учесниците ја потврдија својата посветеност на продлабочување на соработката во управувањето со границите, истакнувајќи ја важноста на заедничката одговорност за безбедни и добро управувани граници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

