Македонија
МВР: Кривични за Бугари што криумчареле мигранти
Регионалниот центар за гранични работи- Југ до Основното јавно обинителство поднесе кривична пријава против Љ.Б.(63), П.Х.(59), И.Р.(53) и Т.Т.(24), сите од Република Бугарија, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б став 2 од КЗ.
Како што информира МВР, пријавените на 09.03.2018 година во 10,30 часот влегле на Граничниот премин „Богородица“ со мини бус марка „Ивеко“ со бугарски национални ознаки, управуван од првопријавениот, додека другите три пријавени лица биле негови сопатници.
При извршени дополнителни проверки на превозното средство од страна на полициски службеници и царински работник, во посебно направен бункер во горниот дел од возилото биле пронајдени осум илегални мигранти од машки пол. Мигрантите се на возраст од 18 до 41 година, пет од нив се од Шри Ланка, а тројца од Авганистан.
Во извршен разговор со мигрантите тие појасниле дека од страна на пријавените лица и непознато лице од Атина биле прифатени и за определен надомест требало да бидат превезени до Италија.
На пријавените лица им е одредена мерка притвор во времетраење од осум дена. Дел од мигрантите се сместени во прифатниот центар, додека останатите се предадени на грчките погранични служби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Подрачјето на Велес ќе биде зафатено од поројни врнежи, грмежи и засилен ветер
ЦУК информира, според известувањето на УХМР, дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.
Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидув дека е кон исток и североисток, додаваат од ЦУК.
Македонија
Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата
Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.
Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Северна Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата.
Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.
Македонија
Одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.
Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.
Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.