Македонија
МВР: Мерката куќен притвор на странски државјани на туѓа адреса на живеење е преседан во досегашната практика
Во врска со информациите кои непрекинато се шират по медиумите, а се поврзани со бегството на лицето Блерим Рамадани, МВР извести дека на 17.07.2024 година на ГП Јажинце од страна на граничната полиција истиот е приведен и предаден на СВР Тетово, по што е спроведен пред судските органи.
„Напоменуваме дека натамошното постапување на судот не е надлежност на Министерството за внатрешни работи, но со оглед на тежината и сериозноста на делото за кое тој се товари и имајќи во предвид дека станува збор за странски државјанин, судот донесува одлука која државните институции тешко можат да ја спроведат во целост. Имено, мерката куќен притвор на странски државјани на туѓа адреса на живеење е преседан во досегашната практика“, велат од МВР.
„Напоменуваме дека и покрај споменатото, МВР продолжува со преземање на сите оперативно тактички мерки и активности. До ОЈО за ГОКК од страна на ОСОСК доставено е известување во кое се наведени и во целост објаснети основите на сомневање за сторени кривични дела од страна на лицето Блерим Рамадани, како и основи на сомневање за сторени кривични дела од страна на службени лица кои донесувале одлуки за екстрадиција на посоченото лице и постапувале по истите.
Врз основа на наведеното од страна на надлежен Јавен обвинител при ОЈО за ГОКК издадени се писмени Наредби и дадени се насоки по кои ОСОСК постапува“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

