Македонија
МВР му понудило пензионирање на полицаецот што откри криминали во СВР Охрид, тој одбил
Охридскиот полицаец Стевче Стевоски одбил да се пензионира кога МВР му понудило таква опција во согласност со неговиот стаж и годините. Стевоски, кој поднел над 50 претставки против свои колеги полицајци во текот на своето работење, вели дека останува на работното место уште три и пол години и тоа го побарал од МВР во согласност со законските прописи. Стевоски ќе работи како полицаец до 2021 година.
„Ми понудија да се пензионирам, но одбив. Останувам на работа сè додека не се реши криминалот во МВР. Мојата работа не е завршена“, вели Стевоски за „Макфакс“.
Полицаецот од Охрид што го казни 800 евра командирот е цел на одмазда, местенки и мобинг
Во Охрид затвориле жена во казан за варење храна, па сакале да го прикријат случајот
Охридски полицаец поради лихварски долг му ставил пиштол во устата на должник
Охридскиот полицаец вели дека овие денови ќе ја формира и невладината организација „Жртви на митот и корупцијата“ преку која ќе се обиде да ја подигне свеста на граѓаните за кршењето на нивните права, вклучително и од службени лица во институциите што ги нарекува криминалци.
Во изминатиот период полицаецот Стевоски побарал и информативна средба со директорот на БЈБ, Лазо Велковски, за, како што вели, да го брифира за сите криминали во СВР Охрид и МВР, но тој одбил. Следно Стевоски ќе побара одговорност од Велковски преку Владата.
Началник се исплашил од охридски полицаец оти мавтал со хартија, го пријавиле дека бил пијан
Охридскиот полицаец Стевоски си поднел тужба и против себе
Стевоски за „Макфакс“ објасни како казнувајќи ги своите шефови, колеги и високи функционери на МВР, кои го кршеле законот, станал цел на местенки, континуиран мобинг и закани. Вели дека поради честите казни со намалување на платата бил оштетен со 30 илјади евра затоа што работел според своите надлежности, а не според наредбите од старешините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

