Македонија
МВР потврди: Пцовиса и третиот коњ од Монголија во скопската Зоолошка градина
Пцовиса и третиот коњ од Монголија во скопската Зоолошка градина, потврдија од полицијата.
„Макфакс“ синоќа објави за пцовисувањето и на третото животно од видот пржевалскиев коњ, кој важи за многу ретка и скапа раса, која потекнува од Монголија.
Со тоа, во период од два дена пцовисаа трите пржевалски коња, а засега постои само сомнеж дека можеби биле отруени. Причината за смртта сепак не е официјално потврдена, а по обдукцијата, ќе се знае дали пцовисале поради погрешен третман или отров.
Од скопската Зоолошка градина засега без објаснување што се случило со коњите.
Животните во Скопје беа донесени од национален парк во Австрија како донација на приватна фирма, а познато е дека не секоја зоолошка градина во светот може да се пофали со коњи од овој вид во својот простор.
Во ЗОО Скопје од инфекција од салмонела пред два месеца пцовиса и жирафта Каспер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

