Македонија
МВР: По забраната за вршење технички преглед, „Авто-мото здружение Гостивар“ ги отстрани неправилностите
Министерството за внатрешни работи реагира по прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, од каде што денеска побараа одговори зошто станицата за технички преглед „Авто-мото здружение Гостивар“, која ги сервисирала автобусите на „Дурмо турс“, добила забрана за работа, но потоа забраната била поништена.
МВР вели дека ВМРО-ДПМНЕ изнела дезинформации. Од Министерството образложија дека во април минатата година била извршена редовна контрола над „Авто-мото здружение Гостивар“ и биле утврдени недостатоци и пропусти во работењето, меѓутоа подоцна недостатокот бил отстранет.
„Утврдено било дека не се обезбедува видеозапис од возилата што извршиле технички преглед, па поради тоа, од страна на МВР е донесено решение за изречена мерка – забрана да врши технички преглед на возила и неправилноста да ја отстрани во рок од 30 дена“, велат од МВР.
Станицата за технички преглед го отстранила недостатокот и писмено го известило МВР дека тоа е направено по што стручни лица од МВР извршиле повторен надзор и констатирале дека недостатокот е отстранет за што се изготвени записник и службена белешка.
„Откога е констатирано дека недостатокот е отстранет, на 15 август е донесено решение дека правното лице може да продолжи со работа бидејќи ги исполнува законските услови.
Апелираме до политичките партии да не шират дезинформации и шпекулации и да не се обидуваат да ја злоупотребат оваа трагедија и да остават институциите да ги утврдат причините за овој трагичен настан“, вели МВР во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

